Годинава на 24-ти мај ќе се одржува второто издание на фестивалот „Синестетика“ кој спојува млади уметници од разни дисциплини на едно место – скопската ледина Шамак, над Козле.
Во склоп на програмата, ќе учествуваат повеќе авторски бендови, ликовни уметници, филмаџии и ракотворци. Фестивалот ќе започне напладне, а ќе трае дур трае.
Музичка програма:
12:00 – отворање
13:00 – Lincoln Letter
14:00 – Fierce
15:00 – Флукс
16:00 – 3Ject
17:00 – Martix
17:30 – SAM
18:00 – Daktili
19:00 – Serdaroth
20:00 – oтворен Јam session со сите заинтересирани.
По завршувањето на музичката програма, следува прикажување на кратки филмови од млади режисери: Андреј Георгиев, Стојков Борјан, Мирослав Илиќ, Лидија Мојсо, Ана Јакимска, Влатко Владимиров, Бојан Таневски, Батухан Ибрахим и Ханис Багашов.
Од отварањето на фестивалот, па до самиот крај, на околните дрвја ќе бидат изложени ликовни и литературни дела од повеќе локални автори (слики, фотографии, графики, поеми, кратки раскази…). Доколку има некој кој на денот на настанот одлучи дека сака да се вклучи, добредојден е да донесе свое дело и да го изложи, информираат организаторите.
На базарот ќе учествуваат повеќе ракотворци, а ќе има и штанд со книги од издавачката куќа „Бегемот“.
Помеѓу 15 и 17 часот ќе има визуелен експеримент – Очи во очи со непознат.
Оваа година ќе имаме и Garage sale кој ќе го води Марија Сапунџиа, а ќе може да учествува секој кој има стари предмети, книги или облека за размена.
Органинзаторите посочуваат дека датумот може да варира во зависност од временските услови.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.