Статуата беше симната минатата недела, за време на БЛМ демонстрациите.
На својот Инстаграм профил, уметникот сподели предлози за замена на бронзената статуа на трговецот со робови, Едвард Колстон, која што беше симната од страна на демострантите и фрлена од пристаништето за време на масовните протеси во Бристол.
Идеата на Бенкси „им оди во прилог на двете страни – на оние кои им недостига статуата на Колстон, но и на оние кои не ја сакаат“, истакна тој, мислејќи на контроверзијата која што настана откако се појавија истомисленици кои сметаат дека отстранувањето на статуата е бришење на британската историја.
Како член на Кралската Африканска Компанија, Колстон во ропство „транспортирал“ околу 80,000 Африканци.
„Ќе ја извадиме статуата од водата, ќе ја вратиме на постаментот, но овојпат со кабел околу вратот. Ќе нарачаме и бронзени статуи од протестирачи кои ја влечат статуата надоле. Сите ќе бидат усреќени, а денот ќе остане запаметен“, предложи Бенкси.
Бенкси истовремено објави и скица за тоа како може да изгледа идната статуа.
Градоначалникот на Бристол, Марвин Рис, сугерираше дека најверојатно, статуата ќе биде поставена во музеј, штом ќе биде извлечена од пристаништето.
„Тоа што се случи со оваа статуа е дел од историјата на градот и дел од нејзината приказна“.
Зборувајќи за уривањето на статуата, Рис додал дека и тој смета дека статуата е непотребна.
„Не можам да се преправам, како син на јамајкански имигрант, постоењето на статуа на трговец со робови во центарот на градот, го сфаќав како личен напад врз мене и луѓето како мене“, нагласил тој.
Според објава на градоначалникот на Лондон, Садик Кан, друга статуа, овојпат на трговецот со робови Роберт Милиган, беше отстранета од Лондон.
„Тажен е фактот дека голем дел од нашето богатство е добиено поради трговијата со робови, но тој не треба да биде прославуван на јавните површини“, соопштил тој.
Извор: Dazed&Confused