Берлинскиот ѕид го делеше главниот германски град 28 години, два месеца и 26 дена. Вчера навршија вкупно 10.316 дена откако е срушен, односно исто толку време колку што воопшто стоел.
Онаму каде за време на Студената војна беше границата меѓу американскиот и советскиот сектор, сега глумци-аматери во воени униформи ја „чуваат“ репликата на стражарската куќичка.
Берлинскиот ѕид бил изграден во 1961 година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Sидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.