Бесконечната планинарска трансверзала треба да покаже убавини од Македонија кои сѐ уште не се истражени

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Воздух, вода, храна од почва. Ова се првите асоцијации кои ги добива човек кој поминал барем неколку часа во прошетка на планина или во искачување врвови. Во Македонија планинарењето е спорт кој има свои верни пријатели, па се организираат планинарски тури што траат со часови или денови. Во земјава постои Западна и Централана планинарска трансверзала, а од скоро македонските врвови ги гушка и веста за формирање Бесконечна  планинарска трансверзала со која се исцртува кружна патека што поминува низ планините од западниот, централниот и источниот дел од Македонија. Таа е долга 2070 километри, од кои повеќе од 1500 км се нови патеки кои досега не се користат од планинарската заедница.

    За Дејан Доневски од друштвото „I love hiking group Macedonia“ кој веќе ја има поминато Западната трансверзала, да се биде на планина значи директно поврзување со мајката природа што може да започне од најрана возраст, за да премине во пријателство со дружби кои траат со денови, месеци, па и години.

    Дејан Доневски / Фото: Фејсбук

    „Осум дена незаборавно дружење, спиење во шатори, вреќи и храна која сами си ја носите на грбот. Првите пет на поминот на Шара, Ничипурска планина и преку Кожа планина до Маврови Анови, вие сте вон цивилизација и не гледате никого горе освен вие и вашите колеги од трансверзалата. Храната за тие пет дена ја носите на грбот и се справувате со основни работи за да преживеете. Во тоа е и убавината, се сѐ сведува на основните потреби на човекот, сѐ друго се исклучува и станува не важно. Немате проблем од било кој вид, освен од тежината, што и кога ќе јадете и дали ќе го преспиете цело попладне. Другиот дел од Западната Трансверзала е селски туризам, се спие по атарите на селата, се храните во цивилизација и пристигнува Охрид како круна на вашиот крај со ова движење“, раскажува планинарот.

    Според него Западната патека која ги поврзува Шар Планина, Бистра, Стогово и Караорман е нешто што вреди секој кој „има километри во нозете“ да го проба и да види што значи. Бесконечната трансверзала, пак е сосем друга приказна.

    „Бесконечна трансверзала значи многу поминатo време на планина, со шатори, со сам себе, себенадминување. Во оваа динамика е добар план за бегство и полнење батерии. Сѐ што е идеја за трансверзала треба цело време да се надградува, и да не престане да се реди со идеи за да порасне поголема и да слушнат и странците што тоа тука ние градиме“, посочува Дејан.

    Кон Бистра и Карабула / Фото: I love hiking group Macedonia

    Бесконечната трансверзала како идеја во Македонија никнува уште во 2016 година кога се прават првите ГПС трасирања со кои ќе се заобиколи целата земја. Седум планинарски клуба, здруженија или поединци волонтерски неколку години работат на трасирање на источното крило кое е речиси готово.

    „Недостасуваат уште само 20-тина километри вкупно од сите секции за да нема ниеден прекин во трасата и да биде целосно трасирано, што значи и обележано со сите дигитални маркери што се потребни за дигиталниот запис да биде на ниво како што се дигитално маркирани и најпознатите светски трансверзали“, раскажува планинарот Мартин Китановски од СПД Пробиштип кој планинари веќе 15 години, а воедно е и координатор на централно-источниот реон за трансверзалата.

    Северните падини на Жеден, трасиран дел / фото: Фејсбук: Sammiana Македонска Бесконечна Трансверзала

    Китановски цели дека дигиталниот запис на трасата подоцна може да го користи секој со малку познавање за следење на ГПС записи. Дополнително тука ќе се сите маркери – точки на интерес, насоки и информации за трасата.

    „Овој концепт на дигитално маркирање веќе сѐ повеќе се користи во светот бидејќи е нешто што не може да се избрише или да го снема на терен и за сите кои знаат да следат ГПС записи е поважен и посигурен од самата теренска маркација, а воедно и е поеколошки и во согласност со НОТ ( Не оставај трага ) принципите. Секако дека во следната фаза ќе вклучиме и подетално теренско маркирање за да може буквално секој да ја следи трасата“, објаснува Китановски.

    Инаку, во ноември 2023 години беа ставени првите пробни маркации со знакот на бесконечност направени од рефлектирачки материјал со цел тој да трае подолго.

    фото: Фејсбук: Sammiana Македонска Бесконечна Трансверзала

    „Поголема опасност демне од крадење и уништување на овие маркации, меѓутоа се надеваме дека луѓето набрзо ќе сфатат за што служат и дека ним лично за ништо не би им користеле, па да се надеваме со време ќе немаме проблеми од тој тип“, вели планинарот.

    Македонската бесконечна трансверзала има и свое уметничко име – Sammiana, што дечките зад проектот го опишуваат како препознатливо и лесно за изговарање на сите светски јазици. Знакот за бесконечност е особено видлив кога планираната трансверзала се исцртува на мапата на Македонија.

    Фото: Sammiana.com

    Централната точка на трансверзалата во која се спојуваат источното и западното крило се наоѓа на периферијата на селото Капиново. Оттаму, вели Китановски, може да се тргне во четири различни правци, а по (отприлика) два месеца повторно се доаѓа до истата точка. Капиново е раселено село и се наоѓа во реонот на АЗОТ, на падините на Јакупица.

    Што значи Бесконечната трансверзала за Македонија?

    Трансверзалата Sammiana може да се нарече и прва ваква трансверзала на Балканот, со оглед на тоа што на полуостровот, како што вели Китановски, нема трансверзала долга барем 1000 километри која е целосно завршена и маркирана. Сепак, епитетот „прва“ ќе го добие доколку целосно се заврши пред веќе започнатите Via Adriatica во Хрватска, Via Dinarica – од Словенија, преку Хрватска, Босна, Црна Гора и завршува на северот на Албанија.

    Во земјите од Европската унија има 12 трансевропски, наречени уште и Е-патеки кои се со многу поголема должина од кои дел се пешачки патеки кои водат претежно по асфалтни и бетонски патеки, во голем делна рамен терен и водат низ помали или поголеми градови, а дел се воспоставени долгометражни планинарски патеки низ планините во Европа, највеќе во реонот на Алпите, Пиринеите и Доломитите.

    „Сепак, според моите согледувања, популарните европски трансверзали имаат проблем со препосетеност, односно на истите веќе станува гужва како на градски кеј, се губи чувството дека сте во природа далеку од цивилизација па со тоа и сѐ повеќе планинари бараат некои помирни, подиви места, а Македонската бесконечна трансверзала одлично ќе може да одговори на овие побарувања“, посочува Китановски.

    Беласица / Фото: Фејсбук – Sammiana Македонска Бесконечна Трансверзала

    Долгометражната патека ќе привлече странски планинари кои во Македонија ќе се задржат подолго од неколку дена, односно вели Китановски, минимум неколку недели и месеци, а тоа ќе отвори и нови можности за планинарските водичи, за планинарските домови, за организаторите на тури и трки.

    „Овие посетители ќе бидат дисперзирани низ целата територија на државата, а не како до сега само во неколку туристички центри. Тоа автоматски значи голем бенефит за многу рурални подрачја кои не виделе странски турист до сега и директна корист за многу локални мали бизниси, како преноќишта, продавници, ресторани, превозници“, смета тој.

    Привлекувањето странски планинари може да создаде услови за планинарските домови да работат секојдневно или да се изградат нови домови и засолништа. Ова според Доневски е клучно за развојот на планинарството овде.

    „Во Македонија фали планинарска инфраструктура, од типот – домови место кафани, уште повеќе домови, патеки, видковци, места за пикник, сѐ што има добра идеја за да се привлечат луѓето на планина, да направиме една планинарска треска за да се забележи во историјата. Да не спомнуваме земји ама ние имаме планини за сите нив и за извоз. Да можеа да се извезуваат до сеа ќе бевме најбогати во Европа“, смета тој.

    Секцијата I6 на Македонската Бесконечна Трансверзала – 134.6км од Осоговскиот Манастир кај Крива Паланка до село Страцин / фото: Фејсбук – Sammiana Македонска Бесконечна Трансверзала

    Првите посетители веќе во 2025 година

    Според проценките, Sammiana е на 80% од завршување на проектот како целина. Меѓутоа, вели Китановски, по завршувањето следува фазата на одржување во иднина.

    Засега сите вклучени работат волонтерски, а досега дечките немале никакви финансии. За понатаму веруваат дека ќе се приклучат уште клубови, здруженија, планинари поединци со цел да се заврши и трасирањето на западниот и централниот дел.

    „Во проектот се приклучив затоа што верувам дека преку него конечно ќе може да ја покажеме убавината на цела Македонија и да створиме услови истите да бидат посетувани од домашни и странски посетители. На пример за мојот реон, источниот дел на  Македонија е богата со убавини кои сѐ уште не се истражени и промовирани. Има премногу убавина, историја и мистика а со трансверзалата се поминува баш по такви предели“, вели Китановски и додава дека финансиите никогаш не биле услов за еден проект да успее, или барем да започне да се реализира.

    Како идеја за понатамошно одржување го имаат концептот на домаќин на траса – преку кој поединци или клубови би се грижеле за одреден дел од трасата.

    Кајмакчалан, највисокиот врв на планината Ниџе / фото: Фејсбук – Sammiana Македонска Бесконечна Трансверзала

    „Сепак, за тие планинарски клубови да се грижат во иднина ќе бидат потребни средства за кои е природно да ги обезбедат државни органи бидејќи тие средства се само мал дел од бенефитот кои би го добиле за возврат. Кога сме веќе на оваа тема, набрзо стартуваме со прифаќање на помагатели на трансверзалата кои секако ќе помогнат во реализација и одржување на проектот во иднина така да би ја искористил оваа прилика сите компании кои се чувствуваат општествено одговорни, сакаат да донираат и со тоа да бидат дел од успешната приказна да ни се обратат“, порачува Китановски.

    Покрај финансиите во следниот период треба да се погрижат и за цела листа активности, како што е финалното трасирање и почеток на маркирањето на источното крило кое потоа треба да се стави и на светските мапи на патеки и да помине низ многу апликации платформи.

    „Со сегашното темпо очекуваме источното крило да биде целосно готово и во голем дел и теренски маркирано во текот на оваа година, а во меѓувреме да ја пласираме и верзијата на веб страната и дигиталните записи на англиски јазик по што ќе почнеме со промовирање надвор од Македонија и очекуваме првите посетители да дојдат веќе наредната 2025-та година“, вели Китановски.

    Ги очекува и истражувачка работа за снабдување со дополнителни информации за мотели, културни знаменитости и ресторани во пределите каде минува трансверзалата. Но, кога се планинари патот е најубав ако се оди лека-полека, во чекор со убавините околу. Некогаш се стигнува и до врвот, а оттаму уште милион други правци па се чини бесконечно – чувство што наскоро ќе го има и на патеките кај нас.

    Ангела Бошкоска 

  • Transversalja e pafund malore duhet të tregojë bukuritë e Maqedonisë të cilat nuk janë eksploruar ende

    Ajër, ujë, ushqim nga toka. Këto janë asociacionet e para që merr një person i cili ka kaluar të paktën disa orë shëtitje në mal apo në ngjitjen e majave. Në Maqedoni alpinizmi është sport i cili ka miq besnik dhe organizohen ecje malore që zgjasin me orë apo ditë. Në vend ka tranversale malore perëndimore dhe qendrore, ndërsa së fundmi lajmi për formimin e një tranversale malore të pafundme, me të cilën tërhiqet një shteg rrethor që kalon nëpër malet e pjesës perëndimore, qendrore dhe lindore të Maqedonisë, po pranohet me entuziazëm nga majat maqedonase. Ajo është e gjatë 2070 kilometra, prej të cilave më shumë se 1500 km janë rrugë të reja, të cilat deri më tani nuk shfrytëzohen nga komuniteti alpinist.

    Për Dejan Donevskin nga shoqata “I love hiking group Macedonia“ i cili veç më ka kaluar transversalen perëndimore, të jesh në mal do të thotë lidhje direkte me nënën natyrë që mund të fillojë në moshën më të re, që të kaloj në miqësi me shoqëri që zgjasin me ditë, muaj por edhe vite.

    “Tetë ditë shoqërim i paharruar, fjetje në tenda, thasë dhe ushqim të cilin e mbani vet në shpinë. Pesë ditët e para te qafa e Sharrit, malin Niçipurska dhe përmes malit Kozha deri në Mavrovo Anovi, ju jeni jashtë civilizimit dhe nuk shihni askënd lartë, përpos juve dhe kolegët tuaj nga transversalja. Ushqimin për ato pesë ditë e mbani në shpinë dhe ballafaqoheni me çështjet bazike që të mbijetoni. Aty është bukuria, gjithçka varet nga nevojat themelore të njeriut, ndërsa gjithçka tjetër përjashtohet dhe bëhet e parëndësishme. Nuk keni asnjë lloj problemi, përpos atë të peshës, çfarë dhe kur do të hani dhe a do të flini gjithë pasditen. Pjesa tjetër e transversales perëndimore është turizëm rural, flihet në afërsi të fshatrave, ushqeheni në civilizim dhe Ohri ju vjen si kurorë e fundit tuaj me këtë ecje”, tregon alpinisti.

    Sipas tij, rruga perëndimore e cila i lidh Malin Sharr, Bistrën, Stogovën dhe Karaorman është diçka që ja vlen ta provojë gjithkush që ka “kilometra në këmbë” dhe të shohë çka do të thotë. Ndërsa, transversalja e pafund është temë krejt tjetër.

    “Transversalja e pafund do të thotë shumë kohë e kaluar në mal, me tenda, me veten, tejkalimi i vetvetes. Në këtë dinamikë është plan i mirë për arratisje dhe mbushje të baterive. Gjithçka që është ide për transversale, duhet të përmirësohet gjatë gjithë kohës dhe të mos ndalojë të rregullohet me ide që të bëhet më e madhe dhe të dëgjojnë edhe të huajt se çfarë po ndërtojmë ne këtu”, thekson Dejani.

     

    Transversalja e pafund ka lindur si ide në Maqedoni që nga viti 2016, kur janë bërë trasetë e para GPS me të cilat do të mund të qarkullohet në gjithë vendin. Andrej si iniciatorë i projektit së bashku me alpinistë prej shtatë klubeve alpiniste, shoqata apo individë vullnetarë punojnë disa vite në trasimin e pjesës lindore e cila është pothuajse gati.

    “Mungojnë vetëm edhe gjithsej 20 kilometra nga të gjitha seksionet që të mos ketë asnjë ndërprerje në trasenë dhe të jetë e trasuar tërësisht, që do të thotë edhe e shënuar me të gjitha shënuesit digjital që janë të nevojshme që regjistrimi digjital të jetë në nivel siç edhe janë të shënuara në mënyrë digjitale edhe transversalet më të njohura botërore”, tregon alpinisti Martin Kitanovski i cili merret me alpinizëm tashmë 15 vite, ndërsa njëkohësisht është edhe koordinator i rajonit qendror-lindor për transversalen.

    Kitanovski thotë se, më vonë çdokush mund ta përdorë regjistrimin digjital, me pak njohje për ndjekjen e regjistrimeve GPS. Në mënyrë shtesë, këtu do të jenë të gjithë shënuesit – pikat e interesit, drejtimet dhe informatat për trasenë.

    “Ky koncept i shënimit digjital tashmë gjithnjë e më shumë po shfrytëzohet në botë, sepse është diçka që nuk mund të fshihet apo të zhduket në terren dhe për të gjithë që dinë ta ndjekin GPS-in është më i rëndësishëm dhe më i sigurt nga vetë shënimi i terrenit, ndërsa njëkohësisht është edhe më ekologjik dhe në pajtueshmëri me parimet MLGJ (mos lërë gjurmë). Gjithsesi se, në fazën vijuese do të përfshijmë edhe shënimet më të detajuara të terrenit, që të mundet çdokush ta ndjekë tekstualisht trasenë”, sqaron Kitanovski.

    Ndryshe, në nëntor të vitit 2023, u vendosën shënimet e para testuese me shenjën e pafundësisë, të bëra nga një material reflektuar me qëllim që të zgjasë më gjatë.

    “Ka një rrezik më të madh nga vjedhja dhe shkatërrimi i këtyre shënimeve, megjithatë shpresojmë se njerëzit së shpejti do të kuptojnë për çfarë shërbejnë dhe se atyre personalisht nuk do t’u shërbenin për asgjë, kështu që shpresojmë se me kalimin e kohës nuk do të kemi probleme me këtë lloj”, tha alpinisti.

    Transversalja e pafund maqedonase ka dhe emrin e saj artistik – Sammiana, që djemtë që qëndrojnë pas projektit e përshkruajnë si të njohur dhe të lehtë për shqiptim në të gjitha gjuhët botërore. Shenja e pafundësisë është posaçërisht e dukshme kur transversalja alpiniste vizatohet në hartën e Maqedonisë.

    Pika qendrore e transversales në të cilën bashkohen pjesa lindore dhe perëndimore gjendet në periferinë e fshatit Kapinovo. Prej aty, thotë Kitanovski, mund të shkohet në katër drejtime të ndryshme, ndërsa pas dy muajve vihet përsëri në pikën e njëjtë. Kapinova është një fshat i banueshëm dhe gjendet në rajonin e AZOTIT, në shpatat e Jakupicës.

    Çfarë do të thotë transversalja e pafund për Maqedoninën?

    Transversalja Sammiana mund të quhet edhe e para e këtij lloji në Ballkan, duke pasur parasysh atë që në gadishullin, siç thotë Kitanovski, nuk ka transversale të gjatë të paktën 1000 kilometra e cila është tërësisht e përfunduar dhe e shënuar. Megjithatë, epitetin “e para” do ta merr nëse përfundon tërësisht para atyre që veç më kanë filluar –  Via Adriatica në Kroaci, Via Dinarica – nga Sllovenia, përmes Kroacisë, Bosnjës, Malit të Zi dhe përfundon në veriun e Shqipërisë.

    Në vendet e Bashkimit Evropian ka 12 rrugë transevropiane, të quajtura edhe E-rrugë të cilat janë me gjatësi shumë më të gjatë, prej të cilave një pjesë janë rrugë këmbësorike që çojnë kryesisht në shtigje asfalti dhe betoni, në pjesën më të madhe terren i rrafsh dhe çojnë në qytete më të vogla apo më të mëdha, ndërsa një pjesë janë shtigje malore të gjata të vendosura nëpër malet në Evropë, më së shumti në rajonin e Alpeve, Pirinejve dhe Dolomititëve.

    “Megjithatë, sipas vëzhgimeve të mia, transversalet e njohura evropiane kanë problem me mbi-frekuentimin, përkatësisht në të tashmë bëhet rrëmujë si në bregun e qytetit, humbet ndjenja se jeni në natyrë larg qytetërimit, ndaj gjithnjë e më shumë alpinistë kërkojnë disa vende më të qeta, më të egra, dhe Transversalja e pafund maqedonase do të mund t’u përgjigjet shumë mirë këtyre kërkesave”, thekson Kitanovski.

    Rruga e gjatë do të tërheqë alpinistë të huaj të cilët do të qëndrojnë në Maqedoni më gjatë, përkatësisht, thotë Kitanovski, minimum disa javë dhe muaj, ndërsa ajo do të hap edhe mundësi të reja për udhërrëfyes malor, për shtëpi alpiniste, për organizatorët e ecjeve dhe garave.

    “Këta vizitorë do të jenë të disperzuar në gjithë territorin e shteti dhe jo si deri më tani vetëm në disa qendra turistike. Ajo në mënyrë automatike nënkupton përfitim të madh për shumë zona rurale të cilat nuk i ka parë deri më tani turisti i huaj dhe dobi direkte për shumë biznese lokale të vogla, si bujtina, shitore, restorante, transportues”, vlerëson ai.

    Tërheqja e alpinistëve të huaj mund të krijojë kushte që shtëpizat malore të punojnë çdo ditë apo të ndërtojnë shtëpiza të reja dhe strehimore. Kjo sipas Donevskit është kyçe për zhvillimin e alpinizmit këtu,

    “Në Maqedoni mungon infrastruktura malore, e llojit – shtëpiza në vend të kafeneve, aq më shumë shtëpiza, shtigje, vende për piknik, gjithçka që ka ide të mirë për tërheqjen e njerëzve për në mal, të bëjmë një vrull malor që të shënohet në histori. Të mos përmendim vende, por ne kemi male për të gjithë ata edhe për eksport. Të mund të eksportoheshin, deri tani do të ishim më të pasurit në Evropë”, vlerëson ai.

    Vizitorët e parë tashmë në vitin 2025

    Sipas vlerësimeve, Sammiana është 80% afër përfundimit të projektit si tërësi. Megjithatë, thotë Kitanovski, pas përfundimit vijon faza e mirëmbajtjes në të ardhmen.

    Tani për tani të gjithë të përfshirët punojnë në mënyrë vullnetare, ndërsa deri tani, djemtë nuk kanë pasur asnjë lloj financa. Ata besojnë se më tej, do të përfshihen edhe më shumë klube, shoqata, alpinistë individë, me qëllim që të përfundojë edhe trasimi i pjesës perëndimore dhe qendrore.

    “Unë jam kyçur në projektin sepse besoj se, përmes tij përfundimisht do të mund ta dëshmojmë bukurinë e gjithë Maqedonisë dhe të krijojmë kushte që të njëjtat të vizitohen nga vizitorë vendor dhe të huaj. Për shembull për rajonin tim, pjesa lindore e Maqedonisë është e pasur me bukuri të cilat janë ende të pa zbuluara dhe promovuara. Ka tepër bukuri, histori dhe mistikë ndërsa me transversalen kalohet pikërisht në pjesë të tilla”, thotë Kitanovski dhe shton se, financat nuk kanë qenë asnjëherë kusht që një projekt të ketë sukses, apo të paktën të fillojë të realizohet.

    Si ide për mirëmbajtjen e mëtejme e kanë konceptin e mirëmbajtësit të trasesë – përmes së cilit individë apo klube do të kujdeseshin për një pjesë të caktuar të trasesë.

    “Megjithatë që ato klube malore të kujdesen, do të nevojiten mjete në të ardhmen të cilat është e natyrshme t’i sigurojnë organet shtetërore sepse ato mjete janë vetëm një pjesë e vogël nga përfitimi që to të merrnin në kthim. Kur veç më jemi te kjo temë, së shpejti fillojmë me pranimin e ndihmësve të transversales, të cilët kuptohet do të ndihmojnë në realizimin dhe mirëmbajtjen e projektit në të ardhmen, kështu që do ta shfrytëzoja këtë rast, gjithë kompanitë që ndjejnë përgjegjësi shoqërore, duan të dhurojnë dhe me atë të jenë pjesë nga historia jonë e suksesshme të na drejtohen”, porositi Kitanovski.

    Përkrah financave, në të ardhmen duhet të kujdesen edhe për një listë të tërë aktivitetesh, siç është trasimi final dhe fillimi i shënimit të pjesës lindore e cila më pas duhet të vendoset edhe në hartat botërore të rrugëve dhe të kalojë nëpër shumë platforma aplikacione.

    “Me tempon e deritanishme presim që pjesa lindore të jetë tërësisht gati dhe në një pjesë të madhe edhe e shënuar në terren gjatë këtij viti, ndërsa në ndërkohë, ta plasojmë edhe versionin në ueb faqe dhe regjistrimet digjitale në gjuhën angleze pas çka, do të fillojmë me promovimin jashtë Maqedonisë dhe presim që vizitorët e parë të vijnë që nga viti i ardhshëm 2025”, tha Kitanovski.

    I pret edhe punë hulumtuese për furnizim me informata shtesë për motele, monumente kulturore dhe restorante në pjesët ku kalon transversalja. Por, kur janë alpinist, rruga është më e mirë nëse ecet dalëngadalë , në hap me bukuritë përreth. Ndonjëherë arrihet edhe deri në majë, ndërsa prej aty edhe një miliondrejtime të tjera dhe duhet si pafundësi – ndjenjë që së shpejti do të jetë e pranishme edhe te shtigjet te ne.

    Angela Boshkoska