Од почетокот на овој месец граѓаните ќе може бесплатно да сурфаат на интернет во центарот на Скопје. Како што соопштија од општина Центар, бесплатниот безжичен интернет е поставен во соработка со интернет провајдерот “Sun Wireless”.
Притоа „хот спотовите“се наоѓаат на улица „Македонија”, поточно на потегот од хотелот „Бристол” до плоштадот „Македонија”, од скверот „Пела” до поранешниот ресторан за брза храна „МекДоналдс”, на скверот „Јадран” како и покрај кејот „13ти ноември” во делот кој се наоѓа кај ГТЦ.
Покриеност со бесплатен интернет има и на потегот од црквата „Св. Спас” на Кале до плоштадот „Карпошово Востание”, а се најавува и дека наскоро ќе се покрие со ваков интернет и спортската сала „Градски Парк”, како и делови од Дебар Маало.