По повод манифестацијата „Бела ноќ“, користењето на јавниот превоз ќе биде бесплатeн на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот, информираат од ЈСП.
„Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот во сабота (6.10.2018 година), до 6 часот во недела (7.10.2018 година)“, велат од компанијата.
Во сабота, 6 октомври, по 14. пат ќе се одржи 24-часовната манифестација „Бела ноќ“ и ноќта помеѓу сабота и недела, граѓаните ќе може бесплатно да посетат бројни културни настани во главниот град.
Годинава нема да се одржи 24-часовен филмски маратон во кино „Милениум“, но затоа ќе има проекции на филмови на кровот на ГТЦ во организација на ЕХО фестивал. И годинава ќе има разни концерти и изложби, како и театарски претстави. Преку ден ќе има и настани за најмалите.
[Програма] „Бела ноќ“ 2018: кинопроекции на кровот на ГТЦ, концерти и изложби