Под мотото „музеи, одржливост и благосостојба“, утре, на 18 мај, со бесплатен влез и активности во музеите, ќе се одбележи Меѓународниот ден на музеите, иницијатива започната во 1977 година.
Музеите низ земјава најавуваат отворени врати и бесплатен влез за посетителите, а во рамки на денот, ќе се одржат бројни промоции, изложби, работилници и едукативни активности, со цел да го доближат движното културно наследство до што поголем дел од јавноста.
„Постојат многу начини за музеите да придонесат за постигнување на целите за одржлив развој: од поддршка на климатските активности и поттикнување на инклузивноста, до справување со социјалната изолација и подобрување на менталното здравје“, информираат од Министерството за култура.