Под мотото „Слободно влезете во светот на МНТ“, од Македонскиот народен театар информираат дека по повод Светскиот ден на театарот, 27 март, влезот во театарот ќе биде бесплатен.
„Публиката ќе има можност да гледа претставата ‘Само глас’ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак, во која играат првенците на МНТ, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Дејан Битровски“, велат од МНТ.
Оттаму дополнуваат дека пред почетокот на изведбата ќе биде прочитана светската порака за Светскиот ден на театарот од Самиха Ајуб, египетска актерка, како и македонската порака од актерката Теута Ајдини-Јегени.
Заинтересираните треба да ги подигнат своите билети на 27 март, од 14 часот на билетарницата на МНТ.