Театар Комедија ја почнува новата сезона – бесплатен влез за студенти во четврток

Со претставата „Хамлет во пикантен сос“ , денеска Театар Комедија ја почнува новата сезона.

Hamlet-1-1024x682

Оваа претстава на 49 издание на фестивалот „Војдан Черодрински“ ја освои наградата за најдобар млад актер со изведбата на Атанас Атанасовски за улогата на Хамлет.

Театарот соопшти и дека ќе почне да го спроведува проектот за бесплатен влез за студенти во четврток.

„Со приложување индекс на билетарницата на театарот студентите ќе добијат бесплатен билет. Категоријата на лица до 27 години за која важеше попустот од 50 отсто, од оваа година е проширена и сега лица до 29 години ќе можат купат билет на половина цена,“ информираат од Театар Комедија.