„Театар за сите“ организира бесплатни часови за театар за возрасни на 2-ри, 9-ти и 16-ти декември, во просториите на HUB Скопје.
Првиот, вториот и третиот петок од месец декември, сите заинтересирани ќе можат да присуствуваат на три отворени часови по театар: актерска игра, театарска режија и драмско пишување.
Заинтересираните можат да одат на било кое од трите предавања HUB Скопје (ул. Загребска 28, Скопје) и да присуствуваат на предавањата без претходно пријавување.
„Театар за сите“ е идеја за доближување на театарската практика до сите љубители на театарот како изведбена уметност, вели Милош Б. Андоновски, режисер и професор по театар и филм кој, воедно, е сертифициран обучувач за возрасни. Програмата нуди можност не само за запознавање со основите на актерството, театарската режија и драмското писмо преку практични вежби, туку е и платформа за споделување идеи, искуства, запознавање и вмрежување.