Video House (VH), македонска компанија чиј фокус на работа е базиран на карактер анимациии за комерцијални проекти и нивна пост-продукција, а во своето професионално портфолио ги има и шкотскиот долгометражен анимиран филм „Misterstourworm”, визуелни ефекти за популарната серија на каналот SyFy „Eureka“ како и рекламите за Hasbro играчките Transformers и BDaman, организира бесплатен тренинг центар.
Бесплатната обука ќе биде од областа на: Анимација и Риг; 2D/Графички дизајн; Моделирање; Композитинг; Shading/Lighting.
Сите заинтересирани треба да го испратат своето CV на training@videohouse.mk, а доколку имаат портфолио со претходни проекти во конкретното поле, треба да ги испратат во форма која им одговара (show-reel, портфолио,web-галерија и сл).
Од Video House посочуваат дека апликантите треба да изберат една или повеќе категориите од кои имаат познавање и за чија обука сакаат да аплицираат, како и да го наведат VFX софтверот кој го употребуваат за работа.
Рокот за прием на апликациите е до 1 октомври, 2013 година. По завршувањето на тренингот, на најдобрите кандидати ќе им биде понудено вработување во компанијата.