Бесплатните курсеви на интернет поставени од најдобрите универзитети можат да бидат одличен избор за продолжување на образованието. Овие институции нудат многу од нивните курсеви во форма на видео лекции, аудиот транскрипти или онлајн квизови. Некои универитети дури дозволуваат пристап до професорот, како и интеракција со другите студенти кои дискутираат во класот.
„Time“ направи краток преглед на онлајн курсевите кои ги нудат најдобрите американски универзитети.
Бесплатни курсеви на „Stanford“
„Stanford University“, во Калифорнија нуди богат избор материјали за почетници со онлајн програмите. Часовите се нудат на повеќе платформи, има видео предавања, се дозволува учество во дискусии на предавањата, во форумите, квизови, па дури се дозволува учество и во групни проекти. Широк е опсегот и на теми, од криптографија, до пишување и наука. Курсевите од Stanford може да се посетат на линкот online.stanford.edu/courses.
„Berkeley“ – видео лекции
Овој калифорниски универзитет е еден од најценетите јавни високообразовни институции во САД. Оттука, каталогот на онлајн курсеви кои бесплатно се нудат е мошне обемен. Може да се најдат бројни поткасти за учење биологија, хемија, инженерство, физика, историја, здравство, политички науки, социологија и статистика. Секоја видео лекција може да се најде во НD резолуција на YouTube. Каталогот со бесплатни курсеви на „Berkeley“ може да се најде на линкот webcast.berkeley.edu.
„MIT“ -отворени курсеви
MIT или „Massachusetts Institute of Technology“ исто така нуди бројни бесплатни програми за учење на интернет. Овде можат да се најдат видео и аудио лекции од најдобрите инженерски училишта. Исто така достапни се и белешки, дигитални задачи, бесплатни онлајн прирачници.Ресурситеб ги има на линкот ocw.mit.edu.
Универзитетот „Duke“ и отворената платформа Coursera
Овој универзитет се наоѓа во Северна Каролина и нуди бројни интерактивни отворени курсеви преку платформата Coursera. Се нудат лекции за предмети како генетика, англиски јазик, преку видео предавања на YouTube. Некои курсеви нудат и онлајн задачи, а се овозможува и интеракција со студентите и предавачите преку интернет пораки и форуми. Бесплатните курсеви на „Duke“ може да се најдат на линкот coursera.org/duke..
Отворени курсеви на „Harvard“
Еден од најпознатите светски универзитети „Harvard“ се здружи со MIT да креира „edX learning“ платформа која во моментов нуди 42 од неговите програми за бесплатно учење преку интернет. Многу од часовите на платформата „edX“ се однесуваат на предмети од компјутерската наука и можат да се учат во зависност од слободното време на корисникот. Овие курсеви се поставени на edx.org/school/harvardx.
Отворените курсеви на UCLA
UCLA или „University of California“ од Лос Анџелес исто како и „Berkeley“ нуди богатство од бесплатни курсеви , главно преку You Tube. Тие се организирани во плеј листи и можат да се најдат ОВДЕ.
Отворени курсеви на „Yale“
„Yale“ една од најстарите американски високообразовни институции дозволува ограничен пристап на бесплатни курсеви за широкиот онлајн аудиториум. Предизвик за многумина се програмите на филозофија, антропологија, а хоризонтите можат да се прошират со курсеви од тие за музика, па се до финансии. Курсевите се достапни на Coursera, преку YouTube и на iTunes
„iTunes U“ курсеви на интернет
Иако ова не е колеџ, сепак пожелно е да се проверат и бесплатните програми на „iTunes U“ апликацијата. Преку неа може да се дојде до бројни курсеви од училишта ширум светот. iTunes U“ нуди алатки за почнување дискусии и поставување прашања како до студентите, така и до професорите.
Извор: Time