Бесплатни семинари за „Гејмификација“ и „Позитивна невропсихологија“ од професори на „Сити Колеџ“, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, ќе се одржат на 11 ноември од 12 до 16 часот во „Лабораториум“. Учесниците ќе добијат сертификати за посетеност.
Семинарот за „Гејмификација: Современ начин за ангажирање на вработените и клиентите“ ќе го води Крис Лиасидис, вонреден професор на Катедрата за бизнис администрација и економија, а ќе адресира прашања како што е гејмификација, како функционира и каде може да се користи.
„Овој семинар ги демистифицира стратегиите што ги прифаќаат бизнисите и корпорациите во нивните напори да растат со користење на Gamification. Со анализа на механизмите и методологијата и со студија на случаи каде гејмификацијата е имплементирана, ќе одговори зошто Gamification може да се користи во секој бизнис, без разлика кои се целите“, се вели во соопштението.
Додека семинарот на Калиопи Мегари на тема „Позитивна невропсихологија: Апликации во типични и клинички услови“ ќе се осврне на позитивната невропсихологија во невропсихолошките истражувања и практиката да го промовира когнитивното здравје преку различни стратегии.
„Д-р Калиопи Мегари е академски директор на постдипломските студии по клиничка психологија и клинички супервизор на Катедрата за психологија, на ‘Сити Колеџ’, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк“, информираат оттаму.
Дополнително, ќе се одржи и информативна сесија за академските програми и студии кои се нудат на „Сити Колеџ.
Заинтересираните треба да го пријават своето учество и да ја погледат целосната агенда за настанот овде.