Во вторник (09.02) со почеток од 20 часот во „Децата од нашата улица“ ќе се одржи бесплатно предавање за симптомите и последиците на анксиозноста и паничните напади.
Предавањето го организира Lux Integra – Coaching and Self Development, а предавач е Ивана Станковска, лиценциран психолог, м-р по клиничка психологија и семеен советик.
Предавањето е бесплатно, но местата во локалот се ограничени, па затоа е потребно претходно пријавување. Заинтересираните можат да пишат порака на фан страната на Lux Integra – Coaching and Self Development.