„Better lost than stupid“: Сме настапувале во цел регион, но не и во Македонија

Тројката „Better lost than stupid“  или Matthias Tanzmann, Martin Buttrich и Davide Squilacce  беа дел од годинешното издание на EXIT.  Нивните настапите се ретки, ексклузивни и го редефинираат поимот диџејски сет, особено поради кокетирањето со „лајв“ настапот. Во краткото и забавно интервју за Радио МОФ со тројцата музичари, направено на EXIT 2014,  тие зборуваат за одличната соработка, за очекувањата и за балканската публика…

Beter lost than stupid

Радио МОФ: Вашата соработка ја започнавте на Electric Zoo Фестивалот во Њуjорк во 2010…

Buttrich: Да тоа беше пред долго време… и оттогаш си зедовме долг одмор (се смее).

Tanzmann: Имаме настапувано оттогаш, но не толку често колку што би сакале.

14495775438_7f9d1b1a47_z

Радио МОФ: Ова не е ваш прв настап пред балканска публика. Што може да очекуваме од вас на EXIT?

Squillace: Не, пуштавме музика пред две години овде на EXIT.  Не очекувајте ништо, дојдете со отворен ум и тоа што треба да се случи, ќе се случи. Секогаш е по малку чудно кога им кажуваш на луѓето што ќе се случи. Дојдете со отворен ум.

Радио МОФ: Какви се вашите погледи кон електронската денс музика, каде ја гледате во иднина? Мислите дека ќе стане порафинирана или, пак, гледате развој во различни правци и форми?

Buttrich: Мислам дека е нормален развојот на музиката. Мислам дека големи работи се случуваат, може да се случи да се наполни цел стадион со еден диџеј, 2 CDJ-ки и една миксета, и тоа не е воопшто лошо, од тоа има бенефит целата музичка сцена. Музиката е секогаш поврзана со вкусови, но секако мислам дека сето тоа е со добра кауза, на добар начин и со добар епилог на крајот.

14495758610_fca0f60ea4_z

Радио МОФ: Досега никој од вас нема настапувано пред македонска публика. Дали ова значи никој не се обидел да ве букира?

Squillace: Да, да…не во Македонија. Сме настапувале секаде наоколу… Бугарија, Романија, Србија…

Tanzmann: Никој не не побарал до сега.

Squillace (кон Tanzmann): Начинот на кој што го кажуваш ова звучи малку лошо (се смее).

 

Александар Стојановски