Во заедничко соопштение изјава за медиумите, AMC и Sony Pictures TV соопштија дека е дадено зелено светло за снимање на нова серија насловена „Better Call Saul“, која ќе се базира на хит-серијата „Breaking Bad“.
Новата драмска серија временски ќе биде сместена пред дејствието во „Breaking Bad“, а нејзината приказна ќе се фокусира на ликот на Saul Goodman, адвокатот што го застапува Walter White. Bob Odenkirk, кој ја толкува улогата на адвокатот во оригиналната серија, ќе биде ѕвездата на „Better Call Saul“.
Телевизиската мрежа и студиото се договориле околу лиценцирањето на новата серија, a Vince Gilligan останува вклучен во креативниот процес. Одлуката доаѓа по неколкумесечни преговори меѓу AMC и Sony Pictures TV, додека интернет-сервисот Netflix бил втора опција за прикажување на серијата.
Извор: Variety