„Безбедна зима“ – хуманитарна акција за бездомните лица

Организацијата Светулка НОРА направи листа со предмети за луѓето кои во зима немаат свое постојано домување. Тие ги повикаа граѓаните да се вклучат во акцијата „Безбедна зима“ и да донираат:

1. Шушкавец/јакна

2. Ранец

3. Дебели чорапи

4. Греачи за раце

5. Ракавици

6. Капа

7. Кабаница за дожд

8. Џебна батериска ламба

9. Метална чаша за чај/напиток

10. Несесер (витамини, влажни марамици, шумливи таблети, ќесички за чај, за жени – влошки)

Покрај ова, ги повикуваат граѓаните да споделат практична, не прескапа и ефикасна идеја што би ги згреало бездомните лица.

Сите информации се достапни на следниот ЛИНК.