Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Законот за заштита и благосостојба на животни е донесен за првпат во 2007 година во Македонија, но сѐ уште не е „влезен на широка врата“. Бездомните животни се изложени на жед, глад, повреди, болести, страв и вознемирување. Повеќето општини не ја исполнуваат обврската кон нив, а полицијата вообичаено се смее на пријавите за повредување и труење животни. Дел од граѓаните секојдневно го зголемуваат бројот оставајќи ги на улица, некои се однесуваат нехумано кон нив, додека други вложуваат големи напори за да го намалат нивното страдање.
Ова го тврдат активисти за животни од повеќе градови во државата, а го покажуваат сликите од македонските улици и јавните сведоштва постојано објавувани од стотици граѓани во бројни Фејсбук групи наменети за помош на беспомошните. Истрошени финансиски и психички, активисти и граѓани „кои не можат да одминат“ сведочат за незаштитеноста на животните во државата и лошата состојба во која тие се наоѓаат. Ситуацијата е, велат, надвор од контрола, јавната перцепција за проблемот – тотално изместена, решенија има но овој проблем е далеку од приоритетен за општините.
„Општините не го третираат проблемот затоа што голем број од нив се со брокирани сметки“, вели Војислав Димитровски, ветеринар, поранешен директор на Јавното претпријатие „Лајка“ и експерт за благосостојба на животните.
Одредена општина која нема државно прифатилиште по закон треба да вклучи договор со приватно, кое треба да има или да соработува со ветеринарна служба која ќе ги третира (вакцинира, лекува, стерилизира, чипира) бездомните животни таму. Анализа на Димитровски покажала дека околу 40% од општините немаат ниту поднесено програма за заштита на животните до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), а и оние кои ја имаат не значи дека ја спроведуваат. Некои, тврди, немаат спроведено јавна набавка за контрола на проблемот, а тие кои имаат ја немаат „димензионирано“.
„Односно, општина Х одлучила дека треба да има 5 илјади евра за решавање на проблемот, со тие можат да се третираат 20 кучиња, а за да го реши проблемот таа треба да третира 300 кучиња. Во јавноста ќе речат ‘ама ние имаме јавна набавка го третираме проблемот’, а всушност ништо не прават, затоа што главен критериум на контрола на бездомната популација на кучиња е 75% од уличната популација да биде стерилизирана. Дури тука влегуваме во фаза на контрала на проблемот“, објаснува Димитровски.
Мониторингот кој го правел покажал дека во Скопје има околу 5.000 кучиња и околу 50% од нив се кастрирани, додека другите градови се дискутабилни и бројот на стерилизирани се движи околу 15%, 12%, 7% и 5%.
„За жал, процентот почнува да се намалува поради неодговорното функционирање на градот и на определена работа во рамки на прифатилиштето. ‘Лајка’ драстично ги намали бројките на третирани кучиња со што мислам дека го загрозува процесот на спречување на размножување на кучињата на улица и треба повторно да се врати во рамките на она што има потенцијал да го работи“, истакнува тој, додавајќи дека буџетот на „Лајка“ за оваа година е намален за 40% во споредба со минатата кога исто така немала доволно средства „да го работи проблемот“.
View this post on InstagramАгенцијата за храна и ветеринарство пред три години им дала обврска на општините да спроведат мониторинг врз популацијата на кучиња, но, според него, многу малку општини ја имаат исполнето обврската. Иако, нагласува експертот, тоа е првиот чекор во процесот на третирање на уличната популација.
„Не можете, без да знаете колкав е проблемот, да се истураат пари за да го решавате. Не знаеме со што се соочуваме, ама ние го решаваме тоа што не го знаеме. Треба да се знае колкава е популацијата на кучиња, колку од нив се кастрирани, каква е возраста, веќе сортираните кучиња од која година се сортирани, со што го гледаме животниот век на кучињата и колку време се на улица. Оттука, ќе се направи соодветна стратегија и пресметка колку буџет следната година да се одвои за таа општина за да се третира 75% од уличната популација. Првата година е секогаш најтешка, најскапа, и тоа треба да се направи за 6-8 месеци. Потоа трошоците се многу помали во однос на одржување на проблемот“, посочува Димитровски.
Според него, „само еднаш да има еден паметен во оваа држава да ги даде однапред милионските суми кои на годишно ниво се плаќаат за оштета на граѓани за каснување и да ги пренамени за третирање на кучињата кои се на улица, проблемот и за двете страни ќе биде решен“. А, додава и дека општините имаат сериозен проблем со исплатата на овие средства.
„Зборуваме популистички, не решаваме никаков проблем и ги фрламе парите во вода. Треба една сериозна акција за да стигнеме до фазата на контрола на проблемот со бездомната популација на кучињата“, заклучува тој.
За ова да се случи, смета Димитровски, нашата свест како друштво треба да се зголеми и да не си ги напуштаме кучињата. Меѓутоа, Димитровски вели дека само неколку здруженија и професионалци во областа на благосостојбата на животните се залагаат за тоа. Исто така, многу научни истражувања потврдуваат дека бездомната популација на кучиња произлегува од домашната и неодговорното сопствеништво, а неодамнешната анализа на ветеринарот покажала дека во Македонија само 5-7% од домашните животни се стерилизирани.
„Ова е катастрофален податок. Значи, над 90% од животните кои си ги чуваме дома се репродуктивно способни. Ќе си го пуштите во двор, тоа нормално, таков му е инстинктот, природата, да си најде партнер да си имаат поколение. И, од тука натаму ако не може да ги реализираме ги оставаме на улица. Поради ова, потребна е краткорочна мерка за субвенционирана стерилизација на домашни животни, односно ваучер кај ветеринар со цел да се стерилизираат голем број домашни животни“, сугерира тој.
Активизмот во Скопје низ новинарска призма
„Едни штетат, а други им ја санираат штетата. Несовесните ја прават штетата, совесните чистат по нив, а има и еден дел кој се сосема индиферентни на проблемот. Како на три дела да сме поделени. А, на крајот од денот, никој не сака да има кучиња на улица“, децидна е Мери Јордановска, новинарка и активистка за животни од Скопје која со години пишува и се залага за нивната благосостојба.
Таа вели секој градоначалник треба да препишува казни за напуштање на животни затоа што тоа е комунален проблем и обврска на секоја општина. За да се стаса до коренот на проблемот, посочува таа, потребно е ветеринарите воопшто да не прегледуваат нечипирани животни, но и комуналните инспектори да прошетаат низ сите можни населби и села и доколку животното не е чипирано да ги казнат сопствениците.
„Закон не почитуваат луѓе, нема никаква функција. Пример, мајката што ја најдов исфрлена до контејнер со пет мали непрогледани кутриња, да беше чипирана и да му стигнеше една сериозна казна на газдава, ќе имаше кој да ја сноси одговорноста. Вака, тие 10 души што донираа и јас се изнамачивме 2 месеци“, наведува таа.
Откако на патот ќе ти излезе ваков или сличен случај и нема да го одминеш, почнува борбата за тоа каде ќе ги сместиш, како ќе ги изгледаш, вакцинираш, храниш, но и собереш донации.
„Сето тоа сериозно чини, досега некои 500 евра. Мене ми донираа луѓе оти ме знаат, инаку колку ќе собереш од донации? По 1.000 денари, ништо, кило храна ќе купиш и толку. А, наоѓаат и по 7-8 и кога ќе им речат ‘земи си ги дома’. Како ќе ги земеш дома? Мислам дека на глава застанав за некако да успејам да ги вдомам“, истакнува таа.
Истото, објаснува Јордановска, се случува и кога ќе пронајдеш повредено животно. Ќе го однесеш на ветеринар, ќе ти кажат што му е и што треба да се направи, но нема каде да го сместиш.
„Во ниту едно прифатилиште не можеш да однесеш ново куче затоа што сите се преполни. Некои имаат капацитет за 4, за 5 кучиња, мислам стварно е смешно. По тоа се гледа дека не се вложува во проблемот од ниту една страна. А, граѓаните кои сакаат да имаат куче веќе имаат, многу од нив и повеќе од едно. Кај нас, додека не се реши проблемот со неодговорното сопствеништво, џабе и 50 здруженија и 100 ‘Лајки’“, посочува новинарката и активистка.
„Лајка“, која треба да е само транзит, е преплавена со расни домашни миленици кои сопствениците не си ги чипирале и покрај законската обврска, па сега не може да се најде од каде се, тврди новинарката. Половина од капацитетите на претпријатието се исполнети со бишони, малтезери, ротвајлери, шарпланинци, пинчови и пит-були кои едноставно, вели, не можат да се вратат на улица затоа што не умеат да се снајдат. Ова ја попречува циркулицијата на нови кучиња за стерилизација.
„Секој ден да помагаме и на 5, јас за 24 часа избројав над 50 оставени на улица, само што се објавени од луѓе. А, колку има што не се? Никој не се зафаќа овој проблем комплетно да го реши затоа што не можеш да имаш никаква финансиска добивка. Се трошат пари, а не ги враќаш. Проценката е минимум 1 евро за здраво куче дневно. Затоа овој проблем постојано се става на маргини. Некој треба цело време да дава, но да знаеш дека ќе се реши проблемот, во ред, ама како кога цело време имаш испуштање на нови? Никој не би го правел тоа. Ќе држиш во кафез 150, а надвор има уште 500 нови. Затоа е цело време вртење во круг“, поентира новинарката-активистка.
За да се реши проблемот, според неа, треба да се реагира од сите можни страни. Односно, да има јаки закони кои ќе се спроведуваат, казни за непочитување и прифатилишта, како и да се едуцираат граѓаните кои сакаат да чуваат куче каква е одговорноста и кои се обврските. Полицијата пак треба да го промени својот исмејувачки став кон пријавите за нарушување на благосостојбата на животните и да ги сфаќа сериозно, со што можеби ќе допринесе да се намалат каснувањата кои „зафаќаат половина билтен“. Исто така, потребна е едукација за тоа што значи активизам и какви се реалните можности на активистите.
„Тоа е доброволна работа, значи работа која се прави надвор од работни време и од која немаш никаков финансиски бенефит, туку го правиш тоа затоа што сакаш. Сите ние треба да бидеме активисти“, заклучува Јордановска.
Прилеп на терен
Состојбата во Прилеп со бездомните кучиња е ужасна, здружение нема, активисти поединци се многу малку, поимот активизам е табу-тема, а масовните убиства не се реткост. Ова го тврди Габриела Конеска, активистка која со помош на неколку пријателки и ветеринарка осум години активно помага на тамошните животни. Таа ја води Фејсбук страницата „Помош на животните – Прилеп“.
„Имавме некои обиди јас и една пријателка да формираме здружение, но за жал не наидовме на поткрепа ниту од локалните власти, ниту од приватните фирми. Функционирам во несоодветни услови, изнајмувам стари куќи, стари дворови за да ги згрижам. Се правам сама, ги вдомувам со помош на скопските активисти, ги згрижувам и лекувам. Иако е еден од најголемите градови, слободно можат да кажам дека ситуацијата е ужас“, раскажува Конеска.
Активистката тврди дека бездомните животни се изложени на постојан стрес поради страшниот однос на дел од граѓаните, меѓу кои и деца, кон нив. Таа, исто така, живее во стрес.
Од една страна, вели, секојдневно ја бараат да земе некое повредено или напуштено животно и се лутат кога не може, а од друга страна каде и да ги однесе кучињата за кои се грижи се соочува со неприфаќање, како и навредување и малтретирање на животните.
„Ќе го најдам ли, ќе му направи ли некој нешто, ќе ме притисне ли некој ако сторило нешто… И така, цело време сум под некоја тензија, стрес, под некои коментари и критики. А, редовно се соочувам и со закани и пријави. Еднаш имав случка, едно од кучињата за кои се грижам влезе по грешка кај комшијата и тој на клоци го крена. Полицијата буквално ништо не изреагира, си дојде да се нашали. Ми викаат ‘па ти што му го пушташ во двор’“, се присетува Конеска.
Пред месец дена во центарот на Прилеп имало убиство на пет кучиња, меѓутоа според активистката полицијата не направила ниту записник за случајот. Додека пак, за скандалот од пред една година кога со снајпер беа усмртени повеќе кучиња, тврди таа, оттаму не излегле со никакво јавно соопштение и го заташкале случајот.
„Отприлика, така стојат работите. Можам да кажам дека сум многу разочарана. Не сум поткрепена од општината, а решавам општински проблем. Сегашниот градоначалник нѐ повика на средба кога беше кандидат, потоа ни го сврте грбот, а ми пушти и инспекција“, сведочи активистката.
Според Конеска, државното прифатилиште во Прилеп е класична шинтерница, само е именувано така. Условите се катастрофални, изградено е покрај река и полно е со комарци, кучињата се на припек по цел ден, истрамаутизирани се, често ги дислоцираат по депонии и патишта и се занимаваат со работи кои не им се од домен.
„Многу често ги критикувам. Земаа ново возило кое го користат за носење кучиња надвор од градот да умрат од глад и жед. Земаат мајки со мали кучиња и ги вдомуваат. Мали, во дувло, каде има еден куп други животни, па редовно им умираат од парво. Тоа нив не им е работа. Нивната главна цел треба да им биде стерилизација на кучиња, а не вдомување“, смета таа.
Новото возило, како и целосна опрема за заловување, е проект кој прифатилиштето го добил од општината преку развојна програма за пелагонскиот регион, вели раководителката и ветеринарка Тања Брлакоска.
„Спецификацијата на возилото е идеална за транспорт на животни со клима уред, 10 транспортни кафези опремени со садови што претставува големо олеснување во текот на работата и благосостојба на животните за време на транспортот“, истакнува таа.
Државното прифатилиште во Прилеп, потенцира Брлакоска, е изградено и пред „Лајка“. Според официјалната листа има капацитет за 11 кучиња, но сега испланирале нови десет модерни и квалитетни дрвени куќарки кои ги добиле преку проектот во општината и во иднина ќе можат да сместуваат повеќе од 13 кучиња, а не 11. Исто така, имаат 4 вработени – 3 заловувачи и ветеринар, не 6 како што стои во регистарот.
„Нашето прифатилиште ги задоволува потребите на кучињата кои се сместуваат и мислам дека општината има голема потреба од нас. Обезбедената здравствена заштита преку договор со ветеринарно друштво и обезбедената храна преку јавна набавка е основната потреба за неговата цел“, посочува раководителката.
Од друга страна, активистката раскажува за повеќе случаи на дислоцирани кучиња по депонии, периферии и патишта од страна на прифатилиштето, некои дури и по кастрирањето, за „мирни маалски чувари“ кои не го поминале тестот на ресоцијализација, но и за „лажни“ дијагнози на лишманија.
„Која е поентата да го стерилизираш, ако не го враќаш на локација и го носиш во некое село да биде задавено или да умре од глад и жед? Исто имав случај со куче што демек морале да го еутанизираат болно било од лишманија, го земав оттаму јас да го тестирам. Кучето ниту беше болно од лишманија, ниту ништо, се вдоми. Зошто лажеа, искрено не знам“, посочува Конеска, додавајќи дека состојбата во градот со вирусите парво и лишманија е многу лоша дури и за домашните кучиња и дека таа со години ги вакцинира уличните со цел да се намалат.
Прифатилиштето досега заловило и третирало над 560 кучиња. Повеќето ги вратиле на локација по максималниот 3 неделен престој, а вдомиле над 150 со што, смета Брлакоска, директно влијаеле на „културата на живеење за да се стекне навиката граѓаните да вдомуваат, а не да купуваат затоа што милениот го добиваат со целосна здравствена заштита, со тест, вакцина, без можност да се размножува и добиваат регистрирано животно на кое може да му следи патот преку системот за регистрација и идентификација“.
Додека пак, активистката наведува дека многу кучиња оттаму ги вдомува таа преку пријатели за да ги спаси, при што се случило да земе куче полно со крлежи и болви.
За таа да продолжи да помага на животните во градот, потребна и’ е поддршка на која досега не наишла. Доколку би имала средства, вели, уште првата недела би стерилизирала 15-20 кучиња.
„Се додека не се направи таа масовна стерилизација, буквално да се оди дома и да им се земаат кучињата, решавање на проблемот не гледам. Има луѓе кои си го сакаат кучето, си го чуваат, меѓутоа од финансиски аспект никогаш нема да го стерилизираат“, смета таа.
Според неа, многу е важно и да проработи свеста за оставање вода и храна на животните на улица. Доколку би се вовел систем сите локали и дуќани да менуваат едно канче со вода, бездомните не би биле жедни на овие горештини, објаснува Конеска. Меѓутоа, посочува, реалноста изгледа така што дури постоечките извори на вода ги загадуваме.
„Во Прилеп има една чешма со заградено корито и гледам една продавачка го мие џогерот и ја истура водата со доместос во коритото од каде бездомните пијат вода. Ми вели ‘не размислив’. Луѓето се навистина несвесни за околината и другите живи битија“, децидна е Конеска.
Активистката потенцира дека во Прилеп „нема ден да излезеш и да не видиш мали кучиња, мачиња, повредени, нон стоп ја бараат, ги удираат, секој ден нешто се случува, нема крај“, а и „не можеш да излезеш надвор од градот без да видиш кученца или маченца во очајна ситуација“ и не знае во ниту еден момент што може да му се случи на некое животно.
„Депонии и напуштени, гладни, слаби, изгазени животни. Тоа е глетката која ќе ја видиш врвејќи по патиштата на Македонија. А, таа слика е одраз на тоа каков народ живее тука, како тој функционира. Тоа е нашиот одраз“, поентира таа.
Стории на тивок херој од Тетово
„Во Тетово, на година-две се даваат тендери за менаџирање на бездомните животни, но никогаш не се соодветни и не делуваат ефикасно“.
Надир Реџепи е активист кој заедно со својата сопруга и нејзината сестра спасува, помага и се грижи за бездомните животни во Тетово, како што вели, цел живот. Тој раскажува дека таму, исто така, труењето и нехуманоста се честа појава, службите не си ја вршат работата, а напуштањето домашни миленици е секојдневие.
„И да пријавиш, не вреди. Ние не губиме време со тоа, туку ги спасуваме животните“, потенцира тој.
Меѓутоа, активизмот носи ситуации кои налагаат да пријавиш случај до надлежна институција.
„Последен пат кога пријавивме случај беше пред две и пол години. Најдовме акита, година дека старо куче. Дојде по храна бидејќи секој ден раниме мачки пред врата. Го видов дека е расно куче и дека го малтретираат деца, па го земав дома и преку чип се обидов да го најдам сопственикот. Меѓутоа, кога го најдовме во системот имаше само име и презиме на сопственикот, а немаше адреса и контакт. Значи, и тој кој го чипирал не си ја одработил работата. Отидовме во Агенцијата за храна и ветеринарство и со нив, преку полиција, го најдовме сопственикот. И сега, наместо тој да си го земе назад кучето и да плати 300 евра казна затоа што го исфрлил на улица, со врски, даде изјава дека ми го подарува кучето. Јас им кажав дека не го зедов за себе, туку да го вратам на сопственикот. Но, ми рекоа не, еве ти ја изјавата, задржи го. И така кучето остана кај мене, еве веќе две и пол години“, раскажува Реџепи.
Според него, многу граѓани земаат кучиња за децата кога се мали да си играат и кога ќе пораснат ги пуштаат на улица. А, надлежните пак преку ноќ знаат да ги соберат сите.
Инаку, преку ноќ се случува надлежните да ги соберат сите улични кучиња.
„Еднаш ни собраа куче кое ни спиеше пред врата, стерилизирано и чипирано. Собираа таа вечер сѐ што имаше во градот. Ми јавија дека го собрале, па отидов и го најдов камионот каде ги ставаат кучињата. Шинтерот никако не сакаше да го даде кучето, го стави во стационар и рече ‘дојди утре, ако ти го дадат земи си го’. Отидов утредента го зедов и така го спасив, инаку којзнае што им прават и каде ги носат. Најмалото зло е дека ги носат во друг град. Така проблемот не се решава, само се мултиплицира“, посочува активистот.
Пред неколку години, раскажува, на планина пронашле исфрлено мало кутре и го земале со себе. Не успеале да го вдомат во странство, па морале да го сместат во пансион со Скопје. Еднаш, го преместиле од таму во прифатилиштето на автопатот меѓу Гостивар и Тетово за да бидат поблиску до него, но иако ги уверувале дека ќе биде безбедно уште првата ноќ им се јавиле да ги известат дека кучето е искасапено од останатите кучиња.
„За некои прифатилишта многу малку се знае, како им даваат дозволи, како ги третираат кучињата таму, какви се условите во кои ги чуваат, има ли искуство тој што ги чува?“, прашува Реџепи.
Регистрирано прифатилиште на таа локација во Тетово нема. Додека пак, општината вклучи едногодишен договор со прифатилиштето на Друштвото за грижа на бездомни кучиња „Ана Агро“ во Ратае, село во Општина Јегуновце пред две недели. Капацитетот на прифатилиштето е 19 кучиња.
Првото нешто на листата кое треба да се промени, смета активистот, е односот на медиумите кон оваа тема.
„Медиумите, во главно, кога јавуваат на вести нешто за оваа тема, тоа е за каснување или за диви животни, диви кучиња, а многу малку има позитивен наратив кон бездомните животни“, појаснува тој.
Понатаму, надлежните институции треба повеќе да се грижат за бездомните, а луѓето да не се однесуваат лошо кон животните и да бидат хумани. Дополнително, додава, положбата на активистите можат да ја олеснат почести ветеринарски акции за бесплатна стерилизација, лекување и оперирање на уличните мачки и кучиња.
„Мора од некаде да се почне. Пред сѐ, општините да имаат долгорочен партнер кој ќе работи со животните. Ова е широк проблем кој во оваа држава е многу запоставен. Ние што се бавиме со оваа работа, се бавиме доброволно, со приватни средства и не очекуваме помош од државата“, поентира Реџепи.
Ангела Петкова
-
Kafshët e pastreha në Maqedoni janë lënë në (pa)mëshirën e qytetarëve
Ligji për mbrojtje dhe mirëqenie të kafshëve për herë të parë është miratuar në vitin 2007 në Maqedoni, por ende nuk i është nënshtruar zbatimit të plotë. Kafshët e pastreha janë të ekspozuara ndaj etjes, urisë, lëndimeve, sëmundjeve, frikës dhe ngacmimeve. Shumica e komunave nuk i përmbushin detyrimet ndaj tyre dhe policia zakonisht qesh me raportimet për dëmtimin dhe helmimin e kafshëve. Disa nga qytetarët e shtojnë numrin e tyre çdo ditë duke i lënë në rrugë, disa i trajtojnë në mënyrë jo humane, ndërsa të tjerë bëjnë përpjekje të mëdha për t’u pakësuar vuajtjet e tyre.
Këtë e pohojnë aktivistët e kafshëve nga disa qytete të vendit, ndërsa e tregojnë edhe fotografitë nga rrugët e Maqedonisë dhe dëshmitë publike të publikuara vazhdimisht nga qindra qytetarë në grupe të shumta në Facebook, që synojnë t’i ndihmojnë të pafuqishmit. Të rraskapitur financiarisht dhe mendërisht, aktivistët dhe qytetarët “që nuk mund të kalojnë” dëshmojnë për mungesën e mbrojtjes së kafshëve në vend dhe gjendjen e keqe në të cilën ndodhen. Situata është, thonë ata, jashtë kontrollit, perceptimi publik për problemin – totalisht i zhvendosur, ka zgjidhje, por ky problem është larg prioritetit për komunat.
“Komunat nuk po e trajtojnë problemin sepse një numër i madh i tyre qëndrojnë dobët financiarisht,” thotë Vojislav Dimitrovski, veteriner, ish-drejtor i Ndërmarrjes Publike Lajka dhe ekspert i mirëqenies së kafshëve.
Një komunë e caktuar që nuk ka strehim shtetëror me ligj duhet të lidhë marrëveshje me një strehimore private, e cila duhet të ketë ose të bashkëpunojë me një shërbim veterinar që do të trajtojë (vaksinojë, trajtojë, sterilizojë, çipojë) kafshët e pastreha atje. Analiza e Dimitrovskit tregoi se rreth 40% e komunave nuk kanë dorëzuar as program për mbrojtjen e kafshëve në Agjencinë e Ushqimit dhe Veterinarisë (AUV), madje edhe ata që e kanë nuk do të thotë se po e zbatojnë. Disa, pohon ai, nuk kanë bërë prokurime publike për të kontrolluar problemin dhe ata që e kanë bërë, nuk e kanë “dimensionuar”.
“Domethënë Komuna X ka vendosur që të ketë 5 mijë euro për ta zgjidhur problemin me të cilin mund të trajtohen 20 qen dhe për të zgjidhur problemin duhet të trajtojë 300 qen. Në opinion do të thonë “por ne kemi prokurime publike, ne e trajtojmë problemin”, por në fakt nuk bëjnë asgjë, sepse kriteri kryesor për të kontrolluar popullatën e qenve të pastrehë është që 75% e popullsisë së rrugës të sterilizohet. Vetëm këtu hyjmë në fazën e kontrollit të problemit”, sqaron Dimitrovski.
Nga monitorimi që ai ka realizuar, rezultoi se në Shkup ka rreth 5000 qen dhe rreth 50% e tyre janë të sterilizuar, ndërsa qytetet tjera janë të diskutueshme dhe numri i të sterilizuarve është rreth 15%, 12%, 7% dhe 5%.
“Për fat të keq, përqindja ka filluar të ulet për shkak të funksionimit të papërgjegjshëm të qytetit dhe punës së caktuar brenda strehimores. “Laija” ka ulur në mënyrë drastike numrin e qenve të trajtuar, gjë që mendoj se po rrezikon procesin e parandalimit të mbarështimit të qenve në rrugë dhe duhet të rikthehet brenda kufijve të asaj që ka potencial për të bërë”, thekson ai, duke shtuar se buxheti i “Lajka-s” për këtë vit është ulur me 40% në krahasim me të kaluarën kur nuk kishte as fonde të mjaftueshme “për të punuar me problemin”.
View this post on InstagramAgjencia e Ushqimit dhe Veterinarisë para tre vitesh u ka dhënë obligim komunave të monitorojnë popullatën e qenve, por, sipas tij, shumë pak komuna e kanë përmbushur detyrimin. Ndonëse, thekson eksperti, është hapi i parë në procesin e trajtimit të popullatës së rrugës.
“Nuk mundet, pa e ditur se cili është problemi, të derdhni para për ta zgjidhur atë. Ne nuk e dimë se me çfarë po përballemi, por zgjidhim atë që nuk dimë. Duhet ditur se cila është popullata e qenve, sa prej tyre janë të sterilizuar, cila është mosha e tyre, qentë tashmë të renditur nga cili vit janë renditur, me të cilët shohim jetëgjatësinë e qenve dhe sa kohë kanë qenë në rrugë. Në këtë mënyrë, do të bëhet një strategji dhe kalkulim i duhur se sa buxhet do të ndahet vitin e ardhshëm për atë komunë për të trajtuar 75% të popullsisë së rrugës. Viti i parë është gjithmonë më i vështiri, më i shtrenjti dhe ajo duhet bërë për 6-8 muaj. Atëherë shpenzimet janë shumë më të ulëta sa i përket menaxhimit të problemit”, thekson Dimitrovski.
Sipas tij, “vetëm një herë të ketë një njeri të mençur në këtë vend për t’i dhënë paraprakisht shumat milionëshe që paguhen çdo vit për dëmet e qytetarëve për kafshimet dhe për t’i ripërdorur për trajtimin e qenve që janë në rrugë, problemi për të dyja palët do të zgjidhet”. Dhe shton se komunat kanë problem serioz me pagesën e këtyre mjeteve.
“Ne flasim në mënyrë populiste, nuk zgjidhim asnjë problem dhe i hedhim paratë. Duhet një veprim serioz për të arritur në fazën e kontrollit të problemit të popullatës së qenve të pastrehë”, përfundon ai.
Që kjo të ndodhë, konsideron Dimitrovski, duhet të rritet vetëdija jonë si shoqëri dhe të mos i braktisim qentë tanë. Megjithatë, Dimitrovski thotë se vetëm disa shoqata dhe profesionistë në fushën e mirëqenies së kafshëve po bëjnë presion për këtë. Gjithashtu, shumë studime shkencore konfirmojnë se popullata e qenve të pastrehë rezulton nga pronësia shtëpiake dhe e papërgjegjshme, dhe një analizë e fundit nga veterineri ka treguar se në Maqedoni vetëm 5-7% e kafshëve shtëpiake janë të sterilizuara.
“Kjo është një informatë katastrofike. Pra, mbi 90% e kafshëve që mbajmë në shtëpi kanë aftësi riprodhuese. Do t’i lëshoni në oborr, kjo është normale, të tillë e kanë instiktin, natyrën, të gjejë një partner për të pasur pasardhës. Dhe, që këtu e tutje, nëse nuk mund t’i realizojmë, i lëmë në rrugë. Për këtë nevojitet një masë afatshkurtër për sterilizimin e subvencionuar të kafshëve shtëpiake, pra një kupon tek veterineri për të sterilizuar një numër të madh të kafshëve shtëpiake”, sugjeron ai.
Aktivizmi në Shkup përmes prizmit gazetaresk
“Disa bëjnë dëme, dhe të tjerët riparojnë dëmet e tyre. Të pandërgejgshmit bëjnë dëmin, të ndërgjegjshmit pastrojnë pas tyre dhe ka një pjesë që është krejtësisht indiferente ndaj problemit. Është sikur jemi ndarë në tre pjesë. Dhe, në fund të fundit, askush nuk dëshiron të ketë qen në rrugë”, thotë Meri Jordanovska, gazetare dhe aktiviste e kafshëve nga Shkupi, e cila me vite shkruan dhe avokon për mirëqenien e tyre.
Ajo thotë se çdo kryetar komune duhet të shkruajë dënime për braktisjen e kafshëve sepse është problem komunal dhe obligim i çdo komune. Për të dalë te thelbi i problemit, thekson ajo, është e nevojshme që veterinerët të mos i ekzaminojnë fare kafshët pa çipa, por edhe inspektorët komunalë të ecin nëpër të gjitha vendbanimet dhe fshatrat e mundshme dhe nëse kafsha nuk ka çip, të ndëshkohen pronarët.
“Njerëzit nuk e respektojnë ligjin, ai nuk ka asnjë funksion. Për shembull, nënën që gjeta të hedhur pranë një kontejneri me pesë këlyshë të vegjël të paekzaminuar, nëse do t’i kishin vënë çip dhe pronari do të kishte marrë një dënim të rëndë, do të kishte kush të mbante përgjegjësinë. Kështu ata 10 persona që dhuruan dhe unë, u munduam 2 muaj”, shprehet ajo.
Në momentin që ju hasni një rast të tillë apo të ngjashëm dhe nuk do ta neglizhoni, fillon lufta se ku do t’i vendosni, si do të kujdesni, vaksinoni, ushqeni, por edhe do të mblidhni donacione.
“E gjithë kjo kushton seriozisht, deri më tani rreth 500 euro. Njerëzit më dhuruan sepse më njohin, përndryshe sa do të mblidhni nga donacionet? Nga 1000 denarë asgjë, do të blesh një kilogram ushqim dhe kaq. Ndërsa ndodhen edhe nga 7-8 dhe kur u thonë ‘merrini në shtëpi’. Si do t’i merrni në shtëpi? Mendoj se u hipa mbi kokë për t’ia dalë disi t’i strehoj”, tregon ajo.
E njëjta gjë, shpjegon Jordanovska, ndodh kur gjen një kafshë të lënduar. Do ta çoni te veterineri, do t’ju thonë se çfarë nuk shkon me të dhe çfarë duhet bërë, por nuk ka ku ta vendosni.
“Në asnjë strehimore nuk mund të dërgosh një qen të ri sepse të gjitha janë plot. Disa kanë kapacitet për 4, 5 qen, mendoj se është vërtet qesharake. Nga kjo shihet se asnjëra palë nuk po investon në këtë problem. Dhe qytetarët që duan të kenë një qen tashmë kanë, shumë prej tyre dhe më shumë se një. Në vendin tonë, derisa të zgjidhet problemi i pronësisë së papërgjegjshme, 50 shoqata dhe 100 ‘Lajka’ janë kot”, thekson gazetarja dhe aktivistja.
“Lajka”, e cila duhet të jetë vetëm një tranzit, është e përmbytur me kafshë shtëpiake të racës së pastër, pronarët e të cilave nuk i kanë çipuar pavarësisht detyrimit ligjor, ndaj tani është e pamundur të gjesh se nga kanë ardhur, pohon gazetari. Gjysma e objekteve të objektit janë të mbushura me Bichons, Maltez, Rottweilers, Sharpeis, Pinschers dhe Pit Bulls, të cilët, thotë ai, thjesht nuk mund të kthehen në rrugë sepse nuk dinë të gjinden. Kjo e pengon qarkullimin e qenve të rinj për sterilizim.
“Të ndihmojmë 5 çdo ditë, unë në 24 orë kam numëruar mbi 50 qenë të mbetur në rrugë, vetëm që janë postuara nga njerëzit. Dhe sa ka që nuk janë? Askush nuk shqetësohet për ta zgjidhur plotësisht këtë problem sepse nuk mund të keni asnjë përfitim financiar. Paratë shpenzohen dhe nuk i kthen. Vlerësimi është minimumi 1 euro për qen të shëndetshëm në ditë. Prandaj ky problem vihet vazhdimisht në margjina. Dikush duhet të japë gjithë kohën, por duke e ditur që problemi do të zgjidhet, në rregull, por si kur keni lëshime të reja gjatë gjithë kohës? Askush nuk do ta bënte këtë. Do të ruash 150 në kafaz, kurse jashtë ka 500 të reja. Prandaj është gjatë gjithë kohës rrotulli, në rreth”, thekson gazetari-aktivisti.
Për të zgjidhur problemin, sipas saj, duhet të reagohet nga të gjitha anët e mundshme. Domethënë të ketë ligje të forta që do të zbatohen, dënime për mosrespektim dhe strehimore, si dhe të edukohen qytetarët që duan të mbajnë një qen, cila është përgjegjësia dhe cilat janë detyrimet. Policia, nga ana tjetër, duhet të ndryshojë qëndrimin e saj tallës ndaj shkeljeve të mirëqenies së kafshëve dhe t’i marrë ato seriozisht, gjë që mund të ndihmojë në uljen e numrit të kafshimeve që “zënë gjysmë buletini”. Gjithashtu, duhet edukim se çfarë do të thotë aktivizëm dhe cilat janë mundësitë reale të aktivistëve.
“Është punë vullnetare, do të thotë punë që bëhet jashtë orarit të punës dhe nga e cila nuk ke asnjë përfitim financiar, por e bën sepse dëshiron. Të gjithë duhet të jemi aktivistë”, përfundon Jordanovska.
Gjendja në Prilep me qentë e pastrehë është e tmerrshme, nuk ka asnjë shoqatë, ka shumë pak aktivistë individualë, termi aktivizëm është temë tabu, dhe vrasjet masive nuk janë të rralla. Kështu pohon Gabriela Koneska, aktiviste, e cila me ndihmën e disa miqve dhe një veterinere ka tetë vite që ndihmon në mënyrë aktive kafshët atje. Ajo drejton faqen në Facebook “Ndihmë për kafshët – Prilep”.
“Me një mik patëm disa përpjekje për të krijuar një shoqatë, por fatkeqësisht nuk gjetëm mbështetje as nga autoritetet vendore dhe as nga kompanitë private. Unë funksionoj në kushte joadekuate, marr me qira shtëpi të vjetra, oborre të vjetra për t’u kujdesur për to. E bëj vetë, i strehoj me ndihmën e aktivistëve të Shkupit, kujdesem dhe trajtoj. Edhe pse është një nga qytetet më të mëdha, mund të them lirisht se situata është e tmerrshme”, thotë Koneska.
Aktivistja pohon se kafshët e pastreha janë të ekspozuara ndaj stresit të vazhdueshëm për shkak të qëndrimit të tmerrshëm të disa qytetarëve, përfshirë edhe fëmijët, ndaj tyre. Ajo gjithashtu jeton në stres.
Nga njëra anë, thotë ajo, çdo ditë i kërkojnë të marrë një kafshë të lënduar apo të braktisur dhe inatosen kur ajo nuk mundet, dhe nga ana tjetër, kudo që merr qentë për të cilët kujdeset, përballet me mospranimin, si dhe fyerje dhe keqtrajtim të kafshëve.
“A do ta gjej, a do t’i bëjë dikush diçka, a do të më bëjë presion dikush nëse ka bërë diçka… Dhe kështu, gjatë gjithë kohës jam nën një tension, stres, nën disa komente dhe kritika. Dhe rregullisht përballem me kërcënime dhe raportime. Një herë kam pasur një incident, një nga qentë për të cilin kujdesem hyri gabimisht në shtëpinë e fqinjit tim dhe ai e goditi me shkelma. Policia tekstualisht nuk reagoi asgjë, erdhi për të bërë shaka. Më thonë pse e lëshon në oborrin e tij”, thotë Koneska.
Para një muaji në qendër të Prilepit ka ndodhur një vrasje e pesë qenve, por sipas aktivistit, policia nuk ka bërë as procesverbal për rastin. Ndërsa, nga ana tjetër, për skandalin e një viti më parë kur u vranë disa qen nga një snajper, ajo pohon se ata nuk dolën me asnjë njoftim publik dhe e mbuluan rastin.
“Afërsisht kështu qëndrojnë punët. Mund të them se jam shumë e zhgënjyer. Unë nuk jam mbështetem nga komuna, ndërsa jam duke zgjidhur një problem komunal. Kryetari aktual na ka thirrur në takim kur ka qenë kandidat, pastaj na ka kthyer shpinën dhe më ka dërguar edhe inspektim”, thotë aktivisti.
Sipas Koneskës, strehimorja shtetërore në Prilep është një strehë klasike, vetëm është emërtuar kështu. Kushtet janë katastrofale, është ndërtuar pranë një lumi dhe është plot me mushkonja, qentë janë të lidhur gjatë gjithë ditës, janë të traumatizuar, shpesh janë të dislokuar në deponi dhe rrugë dhe merren me gjëra që nuk janë në domenin e tyre.
“I kritikoj shumë shpesh. Morën një automjet të ri që e përdorin për të dërguar qentë jashtë qytetit për të ngordhur nga uria dhe etja. I marrin nënat me qen të vegjël dhe i strehojnë. Të vogla, në një strofkë, ku ka një tufë kafshësh të tjera, kështu që ato ngordhin rregullisht nga sëmundje. Nuk është punë e tyre. Synimi i tyre kryesor duhet të jetë sterilizimi i qenve, jo adoptimi i tyre”, vlerëson ajo.
Automjeti i ri, si dhe pajisjet e kompletuara të kapjes, është projekt që strehimorja e ka marrë nga komuna përmes një programi zhvillimor për rajonin e Pellagonisë, thotë menaxherja dhe veterinerja Tanja Brlakoska.
“Specifikimi i mjetit është ideal për transportin e kafshëve me kondicioner, 10 kafaze transporti të pajisura me kontejnerë, që është një lehtësim i madh gjatë punës dhe mirëqenia e kafshëve gjatë transportit”, thekson ajo.
Strehimorja shtetërore në Prilep, thekson Brlakoska, është ndërtuar edhe para “Lajkës”. Sipas listës zyrtare ka kapacitet për 11 qen, por tani ata kanë planifikuar dhjetë shtëpi të reja moderne dhe cilësore prej druri që i kanë marrë përmes projektit në komunë dhe në të ardhmen do të mund të strehojnë më shumë se 13 qen, jo 11. Kanë edhe 4 punonjës – 3 kapës dhe veteriner, jo 6 siç thuhet në regjistër.
“Streha jonë plotëson nevojat e qenve që janë të akomoduar dhe mendoj se komuna ka një nevojë të madhe për ne. Ofrimi i kujdesit shëndetësor me kontratë me një kompani veterinare dhe sigurimi i ushqimit përmes prokurimit publik është nevoja themelore për qëllimin e tij”, thekson udhëheqësja.
Nga ana tjetër, aktivistja tregon për disa raste të dislokimit të qenve nëpër deponi, periferi dhe rrugë anash strehimore, disa edhe pas tredhjes, për “roje paqësore të lagjes” që nuk e kaluan testin e risocializimit, por edhe për diagnoza “të rreme”. të leishmanisë.
“Ç’kuptim ka ta sterilizoni, nëse nuk e ktheni në një vend dhe e çon në ndonjë fshat për ta mbytur ose për të vdekur nga uria dhe etja?” Kam pasur edhe një rast me një qen që gjoja duhej të eutanizohej sepse ishte i sëmurë me leishmaniozë, e mora prej andej për ta testuar vetë. Qeni nuk ishte i sëmurë nga leishmania dhe asgjë, ai shkoi në shtëpi. Pse gënjyen, sinqerisht nuk e di”, tregon Koneska, duke shtuar se gjendja në qytet me viruset parvo dhe leishmania është shumë e keqe edhe për qentë shtëpiak dhe se ka vite që vaksinon qentë e rrugës për t’i reduktuar ato.
Strehimi deri më tani ka kapur dhe trajtuar mbi 560 qen. Shumica prej tyre u kthyen në vendin e tyre pas qëndrimit maksimal 3 javor dhe strehuan mbi 150ë, gjë që, sipas Brlakoskas, ndikoi drejtpërdrejt në “kulturën e të jetuarit për të marrë zakonin që qytetarët të adoptojnë, e jo të blejnë, sepse i marrin kafshët shtëpiake me kujdes të plotë shëndetësor, me test, vaksinë, pa mundësi shumimi dhe marrin një kafshë të regjistruar që mund të gjurmohet përmes sistemit të regjistrimit dhe identifikimit”.
Nga ana tjetër, aktivistja shprehet se për t’i shpëtuar nga atje përmes miqve adopton shumë qen, me çka ka ndodhur të marrë një qen plot me rriqra dhe pleshta.
Që ajo të vazhdojë të ndihmojë kafshët në qytet, ajo ka nevojë për mbështetje që nuk e ka hasur kurrë më parë. Nëse do të kishte mjete, thotë ajo, në javën e parë do të sterilizonte 15-20 qen.
“Derisa të bëhet ai sterilizimi masiv, tesktualisht të shkohet nëpër shtëpi dhe t’i marrin qentë e tyre, nuk shoh një zgjidhje për problemin. Ka njerëz që e duan qenin e tyre, kujdesen për të, por nga pikëpamja financiare nuk do ta sterilizojnë kurrë”, beson ajo.
Sipas saj, është shumë e rëndësishme ndërgjegjësimi për lënien e ujit dhe ushqimit për kafshët në rrugë. Nëse do të futej një sistem që të gjitha lokalet dhe dyqanet të ndërronin një kovë me ujë, të pastrehët nuk do të kishin etje në këtë vapë, shpjegon Koneska. Megjithatë, thekson ajo, realiteti duket i tillë që, madje edhe burimet aktuale të ujit i ndotim.
“Në Prilep ka një çezme me një koritë të murosur dhe shoh një shitëse që lanë leckën dhe ujin me domestos e derdh në koritë ku pinë ujë të pastrehët. Më thotë “nuk e kam menduar”. Njerëzit janë vërtet të pavetëdijshëm për mjedisin dhe gjallesat e tjera”, është decide Koneska.
Aktivistja thekson se në Prilep “nuk mund të dalësh një ditë e të mos shofësh qen të vegjël, kotele, të lënduar, vazhdimisht e kërkojnë, i godasin, çdo ditë ndodh diçka, nuk ka fund”, por edhe “nuk mund të dalësh jashtë qytetit pa parë këlysh apo kotele në një situatë zhgënjyese” dhe në asnjë moment nuk dihet se çfarë mund t’i ndodhë një kafshe.
“Deponi dhe kafshë të braktisura, të uritura, të dobëta, të nëpërkëmbura”. Kjo është pamja që do të shihni duke u endur nëpër rrugët e Maqedonisë. Dhe kjo është pasqyrë është reflektim i asaj se, çfarë njerëzish jetojnë këtu, si funksionojnë. Është reflektimi ynë”, theksoi ajo.
Storje të një heroi të heshtur nga Tetova
“Në Tetovë jepen tenderë në çdo vit apo në çdo dy vit për menaxhimin e kafshëve të pastreha, por asnjëherë nuk janë adekuate dhe nuk funksionojnë me efikasitet.
Nadir Rexhepi është një aktivist i cili bashkë me gruan dhe motrën e saj gjatë gjithë jetës së tij ka shpëtuar, ndihmuar dhe është kujdesur për kafshët e pastreha në Tetovë, siç thotë ai. Ai thotë se edhe atje helmimi dhe jo humanizmi janë të zakonshme, shërbimet nuk bëjnë punën e tyre, dhe braktisja e kafshëve shtëpiake është e zakonshme.
“Edhe nëse e raportoni, nuk ia vlen. Me këtë nuk humbim kohë, por i shpëtojmë kafshët”, ka theksuar ai.
“Nuk vlen edhe t’i denoncosh. Ne nuk humbim kohë me atë, por i shpëtojmë kafshët”, potencon ai.
Megjithatë, aktivizmi sjell situate të cilat kërkojnë që të denoncosh raste në institucione kompetente.
“Hera e fundit që kemi denoncuar një rast ka qenë dy vjet e gjysmë më parë. Ne gjetëm një Akita, qen një vjeçar. Ai erdhi për ushqim sepse çdo ditë ushqejmë macet para derës. E pashë që ishte një qen i racës së pastër dhe se po ngacmohej nga fëmijët, kështu që e çova në shtëpi dhe përmes çipit u përpoqa të gjeja pronarin. Megjithatë, kur e gjetëm në sistem, kishte vetëm emrin dhe mbiemrin e pronarit dhe asnjë adresë apo kontakt. Pra, ai që e ka bërë çip nuk e ka bërë punën e tij. Shkuam në Agjencinë e Ushqimit dhe Veterinarisë dhe me ta, përmes policisë, gjetëm pronarin. Dhe tani, në vend që ta merrte qenin dhe të paguante 300 euro gjobë që e hodhi në rrugë, me lidhje, ai dha një deklaratë se po ma jepte qenin. Unë u thashë që nuk e kam marrë për vete, por për t’ia kthyer pronarit. Por më thanë jo, ja ku është deklarata jote, mbaje. Dhe kështu qeni ngeli te unë tash e dy vjet e gjysmë”, thotë Rexhepi.
Sipas tij, shumë qytetarë marrin qen që fëmijët e tyre të luajnë kur janë të vegjël dhe kur të rriten i lënë në rrugë. Dhe autoritetet dinë t’i mbledhin të gjitha brenda natës.
Ndryshe brenda natës ndodh që autoritetet të mbledhin të gjithë qentë e rrugës.
“Një herë ata morën një qen që flinte para derës sonë, të sterilizuar dhe të çipuar. Atë mbrëmje mblodhën gjithçka që ishte në qytet. Më thirrën se e kanë marrë, kështu që shkova dhe gjeta kamionin ku i kishin futur qentë. Personi që kishte mbledhur nuk donte të më jepte qenin, e futi në stacion dhe tha “hajde nesër, nëse ta japin, merre”. Unë shkova të nesërmen e mora dhe kështu e shpëtova, përndryshe kushedi se çfarë u bëjnë dhe ku i çojnë. E keqja më e vogël është se i çojnë në një qytet tjetër. Në këtë mënyrë problemi nuk zgjidhet, vetëm shumëfishohet”, tregon aktivisti.
Para disa vitesh, thotë ai, gjetën një qenush të vogël të hedhur në mal dhe e morën me vete. Nuk kanë arritur ta strehojnë jashtë vendit, ndaj është dashur ta vendosin në një pansion në Shkup. Një herë e kanë zhvendosur prej andej në strehimore në autostradën Gostivar-Tetovë për të qenë më afër tij, por edhe pse i kanë siguruar se do të jetë i sigurt, që në natën e parë i kanë telefonuar për ta njoftuar se qeni ishte therur nga qentë e tjerë.
“Shumë pak dihet për disa strehimore, si i japin lejet, si i trajtojnë qentë atje, në çfarë kushtesh i mbajnë, a ka eksperiencë personi që i mban?”, pyet Rexhepi.
Nuk ka asnjë strehimore të regjistruar në atë lokacion në Tetovë. Ndërkaq, komuna para dy javësh ka lidhur kontratë njëvjeçare me strehimoren e Shoqatës për përkujdesje të qenve të pastrehë “Ana Agro” në Ratae, fshat i Komunës së Jegunovcës. Kapaciteti i strehimore është 19 qen.
Gjëja e parë në listë që duhet ndryshuar, vlerëson aktivisti, është qasja e mediave ndaj kësaj teme.
“Mediat, kryesisht, kur raportojnë diçka për lajmet për këtë temë, ajo është për kafshime apo kafshë të egra, qen të egër dhe ka shumë pak narrativë pozitive ndaj kafshëve të pastreha”, sqaron ai.
Për më tepër, institucionet kompetente duhet të kujdesen më shumë për të pastrehët dhe njerëzit të mos sillen keq me kafshët dhe të jenë human. Po ashtu, shton ai, pozicionin e aktivistëve mund ta lehtësojnë edhe aksionet veterinare më të shpeshta për sterilizimin, trajtimin dhe operacionin falas të maceve dhe qenve të rrugës.
“Duhet të fillohet prej diku. Mbi të gjitha, komunat duhet të kenë një partner afatgjatë që do të punojë me kafshët. Ky është një problem shumë i përhapur dhe shumë i neglizhuar në këtë vend. Ne që merremi me këtë punë, merremi vullnetarisht, me mjete private dhe nuk presim ndihmë nga shteti”, thekson Rexhepi.