Со три големи билборди кои беа поставени на камиони што возат низ Лондон, активисти од лондон побараа правда за жртвите во големиот пожар во Кулата Гренфел, кој се случи пред осум месеци. На камионите стоеја написи ,,71 загинат. И се уште без уапсени? Како е тоа можно?“
Од полицијата велат дека поради тоа што се уште трае истрагата, не може да има уапсени пред нејзиното завршување. Сепак организаторите на кампањата сметаат дека властите намерно сакаат да се заборави трагедијата .
Во големиот пожар во 24 – катната зграда во лондон загинаа 71 лице. По катастрофата во кулата Гренфел, беше спроведена инспекција во многу висококатници во Велика Британија. Притоа, во зградите во Камден, каде се случи пожарот, се покажа дека имаат лесно запаллива фасада, како и недостатоци на изолацијата на цевките за гас и на вратите за заштита при пожар.