Во рамки на Културното лето на Општина Кисела Вода кое ќе се одржи на почетокот на месец јули, Општината распишува отворен повик за учество на музички бендови на настанот „Битка меѓу бендови“.
Оттаму информираат дека „Битка на бендови“ е настан кој за првпат се организира, а цели кон заживување и збогатување на културата на локално ниво.
Повикот е отворен до 17 јуни, а на него може да се пријават музички групи и бендови кои би имале свои изведби на отворено.
„Клучните критериуми кои ќе бидат земени во предвид при изборот на најдобар музички бенд се нивото на техничката изведба и визуелната презентација. Изборот ќе го врши комисија формирана од градоначалникот на Општина Кисела Вода. Наградата за најдобриот бенд ќе биде организација на целовечерен концерт“, велат од Општината.
Оттаму додаваат дека заинтересираните пријавите треба да ги достават во архивата на општината со назнака „За избор на најдобри музички бендови“.