„Битка за цивилизацијата“ – филмските фестивали загрозени од сервисите за стриминг, повикуваат на солидарност

Директорите на седум европски филмски фестивали синоќа ја споделија сцената на отворањето на 77. филмски фестивал во Венеција упатувајќи апел за солидарност кон индустријата за која велат дека е во опасност да биде узурпирана од стриминг сервисите како што е Нетфликс, заради пандемијата на Ковид-19.

Директорот на Венецискиот филмски фестивал, Алберто Барбера, рече дека филмските фестивали може да имаат „намалена улога“ по пандемијата, што предизвика секој голем фестивал да се откаже или да понуди хибридно издание преку интернет и физички проекции.

Барбера рече: „Чувството да се гледа филм на голем екран со други луѓе е во самата природа на филмската индустрија. Ние мора да ги поддржуваме киносалите. Многумина се и денес затворени, други никогаш повеќе нема да се отворат “.

Режисерот додаде дека борбата за повторно отворање кина и враќање на филмските фестивали во физичка форма е „битка за цивилизацијата и за културата“.

Неговите изјави беа поткрепени со писмо потпишано од директорите на уште седум филмски фестивали, вклучувајќи ги Тиери Фремо од Кан и Хозе Луис Ребординос (Сан Себастијан) и Трисија Тутл (Лондон), кои и двајцата ќе бидат домаќини на физички фестивали подоцна оваа година.

Барбера рече дека пандемијата им дала предност на сервиситеза стриминг во битката за гледачите и дека зголемениот број на претплатници на Нетфликс, заедно со трајното затворање на кината, може да биде фатален, освен ако индустријата не покаже солидарност.

Фремо, кој се појави на сцената на настанот кој беше најголемиот ривал на Канскиот фестивал во последниве години, додаде дека фестивалите беа во можност да и дадат на индустријата „позитивен удар“ и дека на киното му е потребна таа поддршка сега.

Тој исто така предупреди на воздигнувањето на, како што ги нарече, „ТВ платформите“ за време на избувнувањето на коронавирусот и рече дека стримерите и физичките кина и фестивали треба да најдат начин да коегзистираат.

За време на отворањето на фестивалот, имаше редици на девет термо-скенери поставени на влезовите, а на секој што има температура над 37,5 ° C му беше забранет влез. Маските за лице се задолжителни на овогодинешниот настан, а другите безбедносни мерки вклучуваат социјално дистанцирани прегледи и систем за следење на присутните.

Синожа режисерите инсистираа на тоа дека фестивалите „не се само промотивни изложби“, туку сè повеќе стануваат „центри на културата“ и „можности за културно просветлување на публиката и едукација за убавина и богатство на филмското искуство за младите“.

Со прикажувањето на филмот „Tenet“ на Кристофер Нолан, кој беше првиот голем филм што се прикажуваше откако мерките ги затворија киносалите ширум светот, настанот во Венеција сега стана камен-темелник за индустријата очајна за закрепнување.

Настанот, кој за време на мандатот на Барбера стана ривал на Кан како најзначаен филмски фестивал во Европа, сега има помалку ѕвезди од вообичаеното со Кејт Бланшет, Тилда Свинтон и Мет Дилон меѓу меѓународните гости што треба да присуствуваат.

Овогодинешниот настан има силен акцент на Велика Британија, бидејќи холивудските имиња – во најголем дел – се држат настрана, а Венеција изгледа поблиску за филмаџиите, членовите на жирито и актерите. На Тилда Свинтон ја прими наградата за животно дело и глуми во 30-минутниот филм на Педро Алмодовар, „The Human Voice“, додека режисерката на „The Souvenir“, Џоана Хог, е дел од жирито за наградата „Златен лав“.

Филмскиот фестивал во Венеција продолжува со настаните до 12 септември.