Биткоинот достигна рекордна вредност од 75.000 долари по претседателските избори во САД

Вредноста на биткоинот, според „CoinMarketCap“ достигна рекордни 75.317 долари утрово околу 6 часот, а растот од неколку илјади долари започна нешто по полноќ. Па така, за неколку часа, вредноста на биткоинот се зголеми од 69.434 долари околу 1 часот и 10 минути, на рекордни 75.317 долари утрово.

Во последните неколку часа, вредноста на биткоинот се движи помеѓу 72 и 74 илјади долари.

Трамп, кој себеси се нарече крипто-претседател, вети дека ќе биде попозитивно расположен кон криптовалутите од противкандидатката Харис или поранешниот претседател Бајден, пренесува хрватски „Индекс“.

За време на кампањата, Трамп прифаќаше донации во криптовалути и лансираше своја крипто платформа. Неговите ставови за криптовалутите денес се значително различни отколку во 2021 година кога ги критикуваше и ги нарече измама.

Според некои странски аналитичари, биткоинот би можел да порасне до 80 или 90 илјади долари во следните два месеци. Акциите на Тесла, компанијата управувана од Илон Маск, кој го поддржува Трамп, денеска скокнаа за речиси три отсто.

Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД