Вчера излезе нова песна од „Битлси“, по „пауза“ од 1995 година. Насловена „Сега и тогаш“ (Now and then), песната го привлече вниманието на глобалната јавност поради начинот на продуцирање.
Пол Мекартни и Ринго Стар ја упоребија брзоразвивачката технологија и машинското учење за да вклопат завршена трака од стара и неквалитетна снимка на Џон Ленон.
Членовите од „Битлси“ првпат се обидоа да ја преработат демо снимката во средина на деведесетитте, кога Мекартни, Џорџ Харисон и Стар повторно се обединија и ги објавија песните „Free as a Bird“ и „Real Love“.
Но, преработката на „Сега и тогаш“ била неуспешна поради технички проблеми.
„Во демо-снимката на Џон, пијаното тешко се слушаше. Тогаш ја немавме денешната современа технологија“, изјавил Мекартни во новиот документарен филм кој излезе заедно со старо-новата песна.
„Харисон почина во 2001 година, што дополнително направи да мислиме дека песната нема да го види ‘светлото на денот’. Чекавме четвртина век за да го дочекаме моментот кога технологијата ќе биде напредната за да се справиме со нискиот квалитет на снимката“, вели Макартни.
Клучниот момент за ре-продукција на траката се случил на почетокот на деценијава, кога режисерот Питер Џексон работел на документарниот филм „Get Back“.
Неговиот тим развил технологија што овозможила секое парче на музика (дури и стари демо снимки) и „да ги поделат сите различни компоненти на посебни траки засновани на машинско учење“.
Мекартни и Стар сфатиле дека ова е нивна можност да ја средат траката и да ја финализираат „Сега и тогаш“.