Платформата BitTorrent најави отворање на сопствена телевизија, посветена исклучиво на електронската клупска музика, која ќе се гледа преку стриминг-апликацијата BitTorrent Live.
Апликацијата би требало да биде објавена до крајот на неделава. Преку новата телевизија, BitTorrent планира да се емитуваат претходно снимени програми, а компанијата ќе го користи совојот патентиран систем на поврзување, за да обезбеди стабилен стрим, без доцнење. Телевизијата, која ќе се вика Clubbing TV, исто така ќе биде официјален медиумски партнер на големите фестивали Ултра и Tomorrowland.
Апликацијата BitTorrent Live отпрво ќе биде достапна само преку Apple TV, а за iOS и Android од идниот месец.