Blink 182, CeeLo Green и Jimmy Eat World ќе настапат на Сигет 2014

На веќе феноменалниот лајн-ап на овогодинешниот Сигет фестивал, кој ќе се одржи од 11-ти до 18-ти август, се приклучуваат и Blink 182, CeeLo Green и Jimmy Eat World, како и Casper, A Day to Remember и Fedde Le Grand.

Blink 182, CeeLo Green и Jimmy Eat World ќе настапат на Сигет 2014

Калифорниското панк-поп трио, Blink 182, ќе настапи на самиот почеток на фестивалот, односно на Денот -1, за кој организаторите тврдат дека и овој ден ќе биде со богата музичка програма како и остантите шест денови. Одличен додаток на главната сцена ќе биде и CeeLo Green со неговиот настап, а Jimmy Eat World со својот последен албум ќе приредат одлична забава.

Casper е германски рапер кој прави интересни споеви на музички стилови, додека за љубителите на потврдиот звук, металкор бендот A Day to Remember ќе ги задоволи вкусовите. За обожавателите на електронскиот звук, Fedde Le Grand е најновото име кое се придружува на веќе најавените диџеи.

Cee-Lo-Greens-Purrfect-helps-spread-cat-fever-K414AK5J-x-large (1)

Фестивалот се одржува од 11-ти до 18-ти август во Будимпешта на островот Обуда на реката Дунав. Повеќе информации за билете можете да најдете на официјалната страна (http://szigetfestival.mk/), како и на официјалниот фејсбук фан пејџ.

Николај Митрески