Блокада на Ректоратот во Ниш: „Ние сме со студентите од Белград и Нови Сад“

Дел од студентите ја блокираа зградата на Универзитетот во Ниш. Пред блокирањето, во 11:52 часот, тие им оддадоа почит на жртвите во Нови Сад, а потоа ги прочитаа барањата кои му ги предадоа на проректорот Мирослав Лазиќ, пренесува Н1.

Една од студентките истакнала дека академската заедница на Ниш треба да се огласи, дека студентите ги киднапираат во автомобили без регистарски таблички, а излегло дека тоа се органите на редот.

„Го добив вашето барање. Ќе го препратам. Ќе го разгледаме“, рече проректорот.

Како што изјавија студентите пред да влезат во Универзитетот, собирот е спонтан и зад блокадата не стои ниту една организација.

Студентот Лука Ѓорѓевиќ порача дека Универзитетот во Ниш треба да биде на страната на студентите. Тој додаде дека добиле поддршка од некои професори, кои се надева дека ќе дојдат да ги поддржат во блокадата, иако се под голем притисок од репресија.

„Ниш не молчи и сакаме да покажеме дека сме со студентите од Белград и Нови Сад“, истакна студентот.

Фото: Н1

Инаку, блокадата на Ректоратот на Универзитетот во Белград која започна пред два дена, продолжува. Факултетот за драмски уметности (ФДУ) влезе во десеттиот ден од блокадата, а како што изјави студентката Барбара Алија за ФоНет, ќе опстои додека не се исполнат барањата. Во блокада се и неколку други факултети, со најава дека на протестот ќе се приклучат и неколку високообразовни институции на Универзитетот во Белград. Студентите на Спортскиот факултет најавија почеток на блокадата од денеска, студентите на Технолошко-металуршкиот факултет вечерва ќе имаат средба, а студентите на Факултетот за организациски науки ја најавија блокадата од петок во 11:52 часот. Со студентите на Филолошкиот факултет се и дел од студентите од Биолошкиот факултет, кој се’ уште официјално не е влезен во блокада.

Студентите бараат да се објави целосна документација за реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, да се откријат одговорните за нападот врз студентите на Факултетот за драмски уметности, како и да се зголемат средствата за државните факултети за 20%. Меѓу барањата е и зголемување на процентот на финансирање од буџетот за образование, бидејќи тој не е променет од 2019 година.

Блокирани се и Филозофскиот факултет во Нови Сад и Академијата за уметности. Студентите од Нови Сад бараат и оставки од градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ и премиерот Милош Вучевиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Organizovana grupa STAV (@stav.ns)