Од 20 до 22 септември во Универзалната сала во Скопје ќе се одржи годинешното издание на BLUES & SOUL FESTIVAL 2013. Во рамките на трите фестивалски вечери ќе настапат повеќе звучи имиња од светот на соул и блуз музиката.
За отворањето на фестивалот е предвиден настапот на Давид Нашковски Трио и германскиот Henrik Freischlader Band кој ужива репутација како еден од најдобрите европски блуз состави.
Втората вечер е резервирана за Raphael Wrеssnig`s од Австрија, по што ќе настапи Американката Deitra Farr , една од најдобрите Чикаго блуз вокалистки кои одат по стапките на легендарната кралица на блузот Коко Тејлор.
BLUES & SOUL FESTIVAL на 22 септември ќе го затвори најновата сензација на британската блуз сцена, бендот Virgil&The Accelerators.
Концертите почнуваат во 20.30 часот, а влезниците по цена од 200 и 300 денари може да се купат на влезот во Универзална сала или во Југотон-ГТЦ. Комплетот влезници за сите концерти чини 600 денари.