Уште еден култен електронски состав, шкотското дуо Boards Of Canada го најави излегувањето на новиот албум „Tomorrow’s Harvest“, прво LP на бендот по цели осум години. Слично како во случајот со Daft Punk, и на новото издание на Boards Of Canada му претходеше таинственост, презентација на куси парчиња од песните кои се на албумот и голема маркетиншка помпа. Албумот беше достапен за преслушување само еден ден (3 јуни), а според оние кои успеаја да го слушат, бендот се враќа со свежа интерпретација на неговиот карактеристичен стил, исполнет со мрачни текстури, аналогни звуци и архивски семплови.