Во неделата започна најголемиот уметнички фестивал на светот, Burning Man, кој се одржува секоја година во пустината Невада.
Десетици илјади посетители се таму за една недела исполнета со уметност и алтернативни начини на живеење. Една од најважните инсталации годинава е авион Боинг 747, досега најголема поставка на фестивалот.
Именувана „The 747 Project“, ќе биде комплетно завршена во 2017 година, а е создадена од непрофитната организација „Big Imagination“. Посетителите на фестивалот можат да влезат внатре на „патување низ животот кон иднината“.