Бојаџиевска, Стефановски, Масин и Абази се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска, писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази се добитници на државата награда „Св. Климент Охридски“, одлучи Одборот за доделување, соопшти Министерството за култура.

Во областа на воспитанието и образованието, наградата ѝ се доделува на:

проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетски професор

Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:

Милован Стефановски, писател

Мирослав Масин, сликар

Рефет Абази, актер.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2024 година (недела) во 12 часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.