Асоцијацијата за цистична фиброза преку Фејсбук најави нов протест за на 4 февруари од 12 часот пред Владата, со кој повторно ќе побараат да се обезбеди терапија за болните од цистична фиброза.
„Нашата борба продолжува во надеж дека ќе се ослободат нашите бели дробови од бодликавата жица и ќе пораснат 65 рози. Нашата борба продолжува во надеж дека ЦФ ќе значи целосно функционални наместо цистична фиброза“, велат од Асоцијацијата.
Повикот за протестот доаѓа откако Асоцијацијата на крајот на декември одржа протест пред Министерството за здравство. Оттаму тие побараа да се обезеди новата терапија за болните, но и алармираа за проблемите со доцнењето на постоечката терапија, како и проблемите со хоспитализацијата на овие лица.