Од иницијативата Борба за Влае денеска побараа од локалните граѓани во скопската населба Влае да бидат упорни, бидејќи, велат тие, општина Карпош пробува да го закочи процесот против ДУП-от кој се борат.
„Добри вести – Општината ги прими групните анкетни листови кои беа потпишувани во неделата како петиција (откога една сосетка самоволно ги донесе во 12 часот). Лоши вести: Месна заедница во Влае 2 не ги прима анкетните листови на луѓето кои немаат адреса во Влае 2, независно дали имаат имот таму за кој си поднесуваат анкетни листови. Листовите на дел од одбиените луѓе кои пробале во Општина да поднесат биле прифатени, на дел не биле прифатени“, соопштува иницијативата.
Од таму велат дека оиние кои биле одбиени нека им пишат за да пробаат правно да реагираме. За ова би им требала и правна помош, па ако некој сака стручно да ни помогне – би било од корист на инцијативата.
„Ни јавија дека во Месна заедница 2 има луѓе кои не се вработени во Општината (најверојатно) кои покажуваат стари ДУПови на кои на парцелите ги нема спорните локации за кои поднесуваме анкетни листови. Најверојатно се обидуваат да ги предомислат луѓето кои се обидуваат да поднесат. Ова, во комбинација со спорото работење и одбивањето од човекот кој треба да завери, може да е доволно некои луѓе да се откажат и да не ги поднесат своите анкетни листови. Затоа на сите кои сакаат да ги поднесат своите анкетни листови им порачуваме: Бидете упорни! Општината се труди да го закочи процесот. Наше е да не им дозволиме. Ако се обидуваат да ви покажат друг ДУП, проверете на овој линк дали навистина така е во предлог ДУПот против кој се бориме)
Од Борба за Влае посочуваат дека, ако на граѓаните не им ги примаат анкетните листови, да им кажат дека следува тужба бидејќи нивна должност е да ги примат, а Секторот за Урбанизам одлучува дали пишаните забелешки се основани.
„Остануваат уште нецели 3 дена за да ги поднесуваме нашите Анкетни листови. Не се откажуваме!“, се вели во денешното соопштение на Борба за Влае.
Исто така, ги повикуваат граѓаните денес од 18 часот на плоштадот „Делфина“, каде ќе поделат анкетни листови за оние што сакаат да пополнат и поднесат, или би поделиле во своите зграда и улици.
„Ако некој сака да помогне со печатење, најдобро е да го испечати сумарниот анкетен лист во повеќе копии. Ги покануваме сите кои имаат идеи, желба да помогнат, но и кои пробале да поднесат анкетни листови и биле одбиени да ни го раскажат своето искуство“, велат од Борба за Влае.