Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ и Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ се овогодишните добитници на државната награда „Мето Јовановски”, соопшти Министерството за култура.
Наградата претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски” е Александра Цветановска.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.