Борис Гушевски е новиот претседател на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УСС УКЛО).
„Гушевски е редовен студент во втора година на Технички факултет Битола – ТФБ. Тој е избран со тајно гласање на конститутивната седница на Универзитетското студентско собрание на УКЛО“, информираа од Студентскиот информативен центар на УКЛО.
Во соопштението стои дека на вчерашната седница се избрани и нови членови на органите на Собранието. Покрај тоа делегирани се и претставници од студентите во органите и телата на Универзитетот, во Ректорската управа, Универзитетскиот сенат и постојаните Комисии на Универзитетот.
Оттаму информираа и дека студентите донеле Одлука за објавување Конкурс за избор на нов Студентски правобранител на УКЛО.