Браќата Coen првпат ќе работат на телевизија – се подготвува тв-серија „Fargo“

Прославените филмски режисери, браќата Joel и Ethan Cohen („Barton Fink“, „The Big Lebowski“, „No Country For Old Men“, „True Grit“) за првпат ќе работат и во телевизиска продукција, на римејкот на нивниот филм „Fargo“ од 1996, за кој Frances McDormand доби „Оскар“ за најдобра женска улога, јавуваат холивудските медиуми.

Според информациите, во серијата од десет епизоди, Billy Bob Thornton ќе игра нов лик, „немилосрден, манипулативен тип кој продава осигурување во малиот град и тргнува по патот на уништувањето“. Снимањето на серијата ќе започне во Канада до крајот на годинава, а премиерата се очекува идната пролет, на каналот FX. Според зборовите на првиот човек на ТВ-мрежата John Langraff, серијата ќе биде „верна на оригиналот“, а браќата Coen се појавуваат како извршни продуценти.

Ова ќе биде првиот „излет“ на познатите режисери на малите екрани и потег кој се гледа како дел од трендот на вртење на Холивуд кон телевизијата. Додека порано филмовите наоѓа инспирација во ТВ -сериите, сега трендот е спротивен – пример за тоа се сериите „Hanibal“, каде Mads Mikkelsen го игра ликот на Hanibal Lector пред да оди во затвор, како и „Bates Motel“, серијата за тинејџерот Norman Bates, главниот лик во „Психо“ на Alfred Hitchcock.


Извор: B92.net