Бразилскиот Амазон испуштил скоро 20 отсто јаглерод диоксид во атмосферата во изминатата декада, отколку што апсорбирал. Ова се резултатите од истражување кое што покажува дека човештвото веќе не може да се потпира на најголемата светска тропска шума и нејзината способност да го апсорбира јаглеродниот диоксид направен од човекот, пренесува „Гардијан“.
Од 2010 година до 2019 година, Амазон испуштил околу 16.6 милијарди тони јаглерод диоксид, додека апсорбирал околу 13.9 милијарди тони, известија научниците кои во средата го истакнаа овој податок во научното списание „Природна климатска промена“.
Истражувањето го пресметувало количеството на апсорбиран јаглерод диоксид, наспроти количините кои биле испуштени во атмосферата при палење и уништување на тропската шума.
„Ова беше донекаде очекувано, но ова е прв случај за кој имаме бројки кои покажуваат дека се случила промена кај Амазон, кој сега претставува нов производител на јаглерод диоксид. Не знаеме кога ќе се случи точката на комплетен пресврт“, изјавил коавторот на истражувањето Жан Пјер Вињерон, дел од францускиот Национален институт за агрономско истражување.
Истражувањето покажало дека расшумувањето, најчесто резултат на намерни пожари и сечење на дрвјата, се зголемило за четири пати во 2019 година во споредба со претходните две години. Па така, од рашумување до 1 хектар сме стасале до расшумување од 3.9 хектари.
„Во Бразил е забележан остар пад на праксата за зачувување на природата откако во 2019 година се случила промена на власта“, изјавиле од францускиот институт во своето соопштение.
Бразилскиот претседател Болсонаро стапи на функција на 1 јануари 2019 година.
Во последните педесет години, растенијата и почвата конзистентно апсорбирале 30 отсто од испуштањата на јаглерод диоксид, дури и во времиња кога испуштањата на диоксидот се зголемиле за 50 отсто. Водените површини исто така апсорбирале дури 20 отсто од испуштањата.
Амазон содржи дури половина од светските тропски шуми, кои се поефективни во апсорбирањето и складирањето на јаглеродот диоксид за разлика од останатите видови на вегетација.
Па така, ако овој регион стане уште еден загадувач, справувањето со климатската криза ќе биде многу потешко од планираното.
Користејќи нови методи за анализа, како податоци од сателити создадени на универзитетите во Оклахома, интернационалниот тим на научници за прв пат покажал уништените шуми се поголем фактор и производител на затоплувачките гасови, отколку расшумувањето.
За време на периодот од десет години, постепената деградација, односно селектираната сеча, фрагментацијата, пожарите што ги оштетуваат дрвјата наместо целосно да ги уништат, предизвикувале три пати повеќе испуштање на штетни гасови отколку расшумувањето.
Податоците искористени во истражувањето се повикуваат само на Бразил, каде се наоѓа 60 отсто од површината на амазонската прашума.
„Доколку предвид се земе остатокот од регионот, наверојатно Амазон ќе биде неутрален. Но, и во останатите земји кои заземаат дел од територијата на Амазон, забележан е раст на расшумување, а сушите станале посериозни“, додал Вињерон.