Британците Fujiya & Miyagi и Бразилката Dillon на „Здраво млади“

Британскиот состав Fujiya & Miyagi и бразилската електро-поп сензација Dillon доаѓаат на деветтото издание на „Здраво млади“, кое ќе се одржи на 31 август во паркот позади Младинскиот културен центар.

Fujiya & Miyagi се стари познаници на скопската публика. Тие веќе имаат настапувано, а годинава по повод 20-годишнината од нивното постоење, доаѓаат да го испромовираат новиот албум „Flashback“.

Бразилката Dillon за првпат гостува во Скопје. Таа живее и твори во Германија, настапува во тандем со нејзиниот соработник и копродуцент Tamer Fahri Özgönenc. Одличниот сценски настап го одбележа дуото како електро-поп сензација, а нивната нумера Thirteen Thirtyfive доживеа повеќе од 38 милиони прегледи на Јутјуб.

Досега најавени артисти на овогодинешното издание на „Здраво млади“ се: хрватското електропоп дуо – NIPPLEPEOPLE, канадското пост-панк трио OPERATORS, аргентинците MUERAN HUMANOS, SVEMIRKO, DJ FITZ и програмата Berlin via Skopje на која ќе настапи одличниот DJ квартет VIVIAN KOCH,  CONFORCE, ALEX ACID, како и нашиот претставник на берлинскиот подиум STOJCHE.

Билетите остануваат со иста цена (400 денари) до крај на јули и можат да се набават на билетарница МКЦ или online преку bileti.mkc.mk > https://bileti.mkc.mk/index.php?id=433

Во периодот кој следува, организаторите ќе најавуваат нови артисти, активности и изненадувања за публиката.