Британецот Џим МекДермот е човек што живее за свирки, па така во текот на својот живот посетил речиси 1000. Во изминатите 20 години, Џим ја имал можноста да се сретне со бројни легендарни музички изведувачи.
Целата приказна започнала во 1988 година, кога 18-годишниот Џим присуствувал на свирка на „Ерашур“. Оттогаш, тој решил да го посвети својот живот следејќи бендови по турнеи низ светот.
Кога Џим ќе се појави на концерт тој застанува во првиот ред, останува по свирката да ги запознае бендовите, купува ЦД од нивниот штанд, што е ретко во ерата на сервисите за стрим. Всушност, во неговата куќа има соба посветена за ЦД-еа, во која има речиси 2000.
Откако негов пријател го поттикнал да направи Твитер профил, тој започнал да ги документира концертите што ги посетил, речиси достигнувајќи ја бројката од 1000. Вели дека се води според правилата дека не се брза и дека нема намера да мами.
„Бидејќи одам на многу концерти, не пијам секогаш пиво. Се е до музиката, искуството, атмосферата, бендот… Кога бев помлад имаше повеќе пиење, но да бидам искрен со вас, ако се уште пиев, веројатно ќе продолжев да посетувам концерти само десет години, поради трошоците и уморот. Немаше да можам да го правам тоа“, вели Џим.
За да може да ужива во што повеќе концерти, решил неговиот лимит за цена на билет да е 30 долари.
Бендот кој најмногу го слушал во живо досега е „Депеш мод“.
„Нив ги гледав 23 пати, вклучително двонеделно европско бегпекинг искуство во 2009 година, следејќи ги за време на нивна турнеја при што се одржале девет концерта во девет градови, во рок од 16 денови.
Во 90 отсто од случаите, вели дека имал пријатно искуство со неговите омилени изведувачи, но се сеќава и на незгодни случки.
„Бевме еднаш со брат ми и пријател во Амстердам да го гледаме Ноел Галагер и ‘High Flying Birds’. Стоевме на чело по тонската снимка и чекавме 40 минути, и имаше околу 20 луѓе кои исто така чекаа да се сретнат со него. Го замоливме за автограм, како и останатите луѓе. Тогаш мојот брат праша ‘Може ли да се фотографирам со вас?’, и неговата реакција беше ‘Оф, почна“. Потоа и други го побараа истото и тој рече “Толку!’, ги крена рацете и влезе во својата кола“, се потсетува Џим.
„Не велам дека е лесно, но не е лесно ниту да се станува рано наутро и да се оди на работа, од 9 до 5“, додава.
Најголемиот концерт што го посетил бил на Дејвид Боуви на Гластонбери. Вели дека не се смета за голем обожавател на Боуви, но таа ноќ уживал во сите негови хитови.
„Тој пееше хит по хит, цели два часа. ‘Absolute Beginners’ ми е една од омилените песни, и тој ја отпеа – беше магично. Мислам дека тој сакаше да е таму, изгледаше како да е специјална пригода за него. Имаше широка насмевка цела ноќ“, раскажува Џим.
Покрај ова, пријатно искуство има и со концертот на „Stone Roses“ во Корк во 1995 година, кога уште повеќе ја засакал рок музиката.
Овој Британец имал прилика и да настапува со „Take That“ на сцена.
„Групата дојде во Даблин пред неколку години и го контактираа секој град во кој настапуваа за да најдат волонтери од локален хор што ќе им се придружи во некаква кореографска точка на сцена. Мојот брат учествува во градскиот хор во Даблин, но не можеше, па ме праша мене и мојата свршеница ако сакаме да учествуваме“.
Па така, Џим беше привремен член на „Take That“.
„Да. Носевме пончо, лажни виолини и чадори“.