Британската организација за заштита на природата „Плентлајф“ ги повика луѓето да не ги користат своите косилки на еден месец и наместо тоа, да ги остават дивите цвеќиња да растат и цветаат, јавува „Би-Би-Си“.
Од Британците исто така побараа да ги пребројат цвеќињата што растат и да го забележат тоа како дел од акцијата што ја спроведува организацијата.
Од „Плентлајф“ велат дека оставањето неискосена трева ќе создаде живеалиште од кое ќе имаат корист пчелите и другите инсекти. Дополнително, тие тврдат дека тие може да бидат жаришта на биодиверзитет.
Исто така, од „Плентлајф“ велат дека оние кои учествувале во кампањата минатата година пријавиле раст на повеќе од 250 растителни видови на нивните тревници. Меѓу нив имало шумски јагоди, див лук и ретки, но и загрозени видови.
Испитаниците минатата година изброиле повеќе од 465.000 цвеќиња, вклучително и 250.000 маргаритки.