Британската амбасадорка Рејчел Галовеј ги повика девојките на возраст од 18 до 25 години да поминат работен ден со неа на 8Март, Интернационалниот ден на жената.
За да се пријават потребно е да дадат идеја како една личност може да го промени општството на подобро. Избраните ќе имаат можност да се дружат со амбасадорката, но и да научат повеќе за дипломатијата и политиката на Британската Амбасада.
Пријавата треба да се испрати на е-мејл адресата britishembassyskopje@fco.gov.uk најдоцна до 1 март.