Младиот британски музичар John Newman наскоро ќе одржи концерт пред македонската публика, најави продукција Авалон со видеоснимка на својата официјалната страница на Фејсбук.
25-годишниот пејач кој е познат по хитовите „Love me again“, „Come and get it“ , „I’m not your man“ и „Losing sleep“, во 2014 години имаше три номинации за „Брит“ наградите. Newman досега има објавено два албумa: „Tribute“ (2013) и „Revolve“ (2015)
Од Авалон најавуваат дека наскоро ќе објават детали за неговиот концерт во Скопје.