Британската разузнавачка агенција GCHQ им издаде акредитации на шест универзитети, овозможувајќи им да подготват магистерски студии за специјалисти во областа на сајбер-одбраната на интернет и безбедноста на податоците.
Во листата со акредитираните образовни институции, на кои ќе се школуваат „интернет-шпионите“ влегуваат универзитетот Нејпир во Единбург, како и Оксфорд, Ланкастер и Ројал Холоуеј во Лондон.
GCHQ издаде прелиминарна акредитација на универзитетот Кренфилд и универзитетот во Сари со дозвола таму да се водат курсеви за информациска безбедност и сајбер-одбрана.
Националната стратегија за сајбер-безбедност утврдува дека образованието е важен чекор во развојот на вештини за сајбер-сигурност и во рамките на оваа стратегија универзитетите беа поканети да аплицираат за акредитација на своите програми за обука во оваа област. Министерот Francis Maude вели дека сајбер-безбедноста е „клучен дел“ од владиниот долгорочен план за британската економија. Тој вели дека овие универзитетски курсеви ќе помогнат „Британија да стане едно од најбезбедните места во светот за онлајн бизнис“.