Британски активист го изгуби правниот предизвик, откако се судеше со Владата поради нелегализирањето на небинарни пасоши, пренесува „Euronews“.
Кристи Ејлен-Кејн со својата битка стигна и до британскиот Врховен суд, откако со години ја водеше кампањата за воведување на небинарни пасоши. Сепак, судиите ја отфрлија жалбата.
Ејлен-Кејн смета дека потребата да се нагласи дали станува збор за апликант или апликантка при пополнување на барање за пасош е спротивно на човековите права.
Поддржувачите на кампањата на Ејлен-Кејн, кои себеси се нарекуваат небинарни лица, бараат легално да бидат препознаени преку назнаката „Х“ во нивните пасошки апликации.
Но, судот одлучил дека полот на апликантите за пасош е „биографски детал што може да се користи за да се потврди нивниот идентитет со проверка на доказите за раѓање, посвојување или препознавање на пол и други официјални записи.
„Оттаму, полот е потребен за легални цели и е документиран онаму каде што е потребен“, изјавил претседателот на Врховниот суд, Роберт Рид.
Рид додал дека ниеден британски закон моментално не признава небинарна категорија, па усвојувањето на жалбата би значело дека Владата нема кохерентен пристап за оваа проблематика.
Некои земји, односно САД, Канада и Данска, издадоа или планираат да издаваат пасоши со небинарно обележје, како признавање на правата на граѓаните кои не сакаат да се идентификуваат ниту како мажи, ниту како жени.
Ејлен-Кејн додава дека Велика Британија е на „погрешната страна на историјата“ и планира да го однесе случајот до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.