Британските универзитети, меѓу кои и Оксфорд, кој е најстар во земјата, ги отвораат своите врати на академиците од сириските универзитети. На тој начин се надеваат дека ќе дојде до размена на идеи базирана на истражувања и искуства, која ќе претставува придобивка за двете страни.
Академиците се директно целени од Исламска држава, милитантната група која контролира големи делови површина во Ирак и Сирија, и кои убија тројца професори од Универзитетот на Мосул во Ирак минатиот месец.
Животот е особено тежок за академските професори во регионот, кои се напаѓани од Исламска држава и други милитантни групи. Страдаат од сиромаштија и чести бомбардирања од владините сили, според Советот на академици во ризик (Council for At-Risk Academics), кој се обидува да им помогне на некои од нив да заминат од државата.
CARA работат со некои од 38-те колеги на Оксфорд и повеќе од 100 други британски универзитети, со цел да им понудат азил на академиците кои бегаат од војната.
„Луѓето кои доаѓаат овде секогаш со себе ги носат и искуствата“, вели извршниот директор на CARA, Stephen Wordsworth. „Ќе биде од голема помош да се охрабрат новите идеи и поразличното размислување“.
Околу две третини од 140 универзитетски професори од Блискиот исток кои бараат помош од CARA се Сиријци. Неколкумина од нив биле примени од колеги од Оскфорд.
Од CARA очекуваат професорите кои ќе живеат и работат во Британија да се вратат дома кога тоа ќе биде безбедно, вели Wordsworth. Нема да се сметаат за бегалци, туку ќе им бидат обезбедени визи за академска посета, со трошоците поделени меѓу универзитетот-домаќин и CARA.
Академиците ќе можат да ги дискутираат своите искуства со студенти на политички науки или човекови права, како и со персоналот на универзитетите, со што ќе го зголемат нивното разбирање за сириската криза.
Извор: 24News