Министерството за животна средина ги повика граѓаните да пријавуваат дејствија со кои се загрозува животната средина.
На нивната Фејсбук страница, споделија контакти од Државниот инспекторат за животна средина, вклучително и од директорот Фејзула Спахија.
„Сите државни инспектори по завршување на работното време (8:30-16:00ч.) се во пасивно дежурство во случај на вонредни состојби, односно вонредни инспекциски надзори, како и за ненајавени инспекциски надзори ноќе или за време на викенди“, стои во објавата на министерството.