Бројот на туристи во ноември лани изнесува 66.701, од кои 31.6% (21.045) домашни, а 61.4% (45.656) странски туристи, според податоците објавени од Државниот завод за статистика.
Најголем дел од странските туристи во ноември се од Турција (14.193 туристи), Србија (3.790 туристи), Грција (3.561 туристи) и Бугарија (3.396 туристи).
Бројот на ноќевањата во ноември лани изнесува 138.226, од кои 38.6% се од домашните туристи, а 61.4% од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3%, при што кај домашните туристи има намалување за 1%, а кај странските има зголемување за 13.8%.
Бројот на ноќевања пак, во истиот период во споредба со минатата година е зголемен за 5.3%, односно кај домашните 2.2%, а кај странските за 9.2%.