Македонскиот ученик Бојан Серафимов освои бронзен медал на Меѓународната математичка олимпијада со што се вброи меѓу најдобрите млади математичари во светот.
Земјава на Меѓународната математичка олимпијада која од 3-ти до 13-ти јули се одржа во Кејптаун, беше претставувана од тимот воден од професорката Весна Манова-Ераковиќ.
Покрај бронзниот медал за Бојан Серафимов, пофалници добија и Божидар Стеваноски, Јован Тасев и Стефан Николоски, објави Факултети.
Златниот медал на 55. Меѓународната математичка олимпијада му припадна на Мислав Балуновиќ, матурант во гимназијата „Матија Мешиќ“ во Славонски Брод.
Извор: Факултети