Следен на мапата за настап на „Brooka“ е Прилеп во култното „Take five“, каде вечерва (9 август) составот во 21 часот ќе го започне најавениот концерт.
Според најавите, за „Брука“ ова е втор пат во Прилеп по пречекот на новата 2017 година на градскиот плоштад, каде настапуваа на -11 степени.
„Овој пат за вас концертна промоција на албумот ‘До преѓе’, малку од новиот албум, троа ‘Пука козметика’ и уште некои музики за забавување и изненаДување!“, стои во најавата за настапот на „Брука“.