Бруцошката забава на ФЕИТ одложена за сабота

Традиционалната бруцошка забава на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се одложува за сабота (15 октомври), соопштија вчера од Факултетското студентско собрание (ФСС-ФЕИТ) преку Инстаграм.

„Поради лошите временски услови, за сечие добро, моравме да го презакажеме журкањево за во сабота“, велат од ФСС-ФЕИТ.

Оттаму ја објавија и новата музичка програма, па така, од 18 чсаот на главната сцена ќе настапат „DJ Goce и DJ Chvare“, по што следуваат „ZEE и Matej Foltz“, „Дина Јашари и Другари“, „Dope Kukjata“ и „XAJKA“. Во меѓувреме, на „енерџи стејџ“ во 21 часот диџеј сет ќе има „Ермилова“, а потоа и Лука Кекиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ФСС на ФЕИТ (@fssfeit)

Влезот за настанот е слободен.