Младинскиот културен центар ги најави изведувачите што ќе настапуваат сцената на осмото издание на фестивалот за нова музика „Здраво, млади“, што ќе се одржи на 1 септември годинава.
Во МКЦ ќе настапат добропознатите соседи „Repetitor“, бруклинскиот амбиент поп-колектив Cigarettes after sex“, експерименталниот музичар Eric Copeland, американските „Wooden Shjips“, „Blanck Mass“ од Англија, македонските „Палиндром“, британската хип хоп артистка Flohio, диџеј Fitz од Ирска и германскиот експериментален рок бенд „Camera“.
Билети по цена од 600 денари можете да набавите преку продажната мрежа на MkTickets и на Билетарница МКЦ (Билетарница МКЦ до 16ти август работи од 16:00 до 20:00).
Сите известувања за фестивалот и настапувачите може да се следат на официјалниот Фејсбук настан.